За Собранието

Фоаје пред кабинетот на претседателот на собранието

 

НАМЕНА: Потпишување во книгата за впечатоци и давање изјави на  претседателот на Собранието и неговите гости.

ЕНТЕРИЕРНО УРЕДУВАЊЕ: Ентериерно е уредено во 1954 година, а гранитниот под е направен во 1993 година. Од 2001 година на ѕидовите се изложени портретите на досегашните претседатели на Собранието на Република Македонија од 1945 година наваму, и тоа: Методија Андонов Ченто, д-р Борис Спиров, д-р Димитар Несторов, Димче Стојанов-Мире, Лазар Колишевски, Видое Смилевски-Бато, Мито Хаџивасилев-Јасмин, Никола Минчев, Благоја Талески, Бошко Станковски, Ката Лахтова, Станко Младеновски, д-р Вулнет Старова, Стојан Андов, Тито Петковски, д-р Саво Климовски, Никола Поповски и Љубиша Георгиевски. Портретите имаат уметничка вредност, а се изработени во најголем дел во 2001 година во техника - масло на платно од нашите познати ликовни уметници, и тоа: Родољуб Анастасов, Коле Манев, Рубенс Корубин, Вељо Ташевски, Свето Манев, Миле Коџоман, Благоја Николовски, Симеон Ничев, Божидар Дамјановски, Ванчо Јаков, Илинка Арсова и Константин Качев.

Легенда за навигација низ виртуелната тура:

кликнете и влечете во саканата насока

насока на движење

можност за зголемување, се појавува на средината на сликата

зголемување на прегледот, повлечете нагоре

намалување на прегледот, повлечете надолу