Pratenichki sostav
 
Пратенички состав

Говори и обраќања

Сабота, 10 октомври 2015 година

Обраќање на претседателот Вељаноски по повод државниот празник 11 Октомври

Одбележувајќи го утрешниот ден, го исполнуваме вековниот цивилизациски аманет да ги славиме делата и успесите.
Да ги одбележуваме настаните на нацијата!
Да си спомнуваме на нашите сограѓани, борците на Македонија!
Да ги славиме битките и триумфите.
Да се навраќаме на жртвите и на херојствата.
Да простиме, но и да се сеќаваме.

повеќе...

Петок, 25 септември 2015 година

Обраќање на претседателот Вељаноски по повод одбележување на 70 годишнината од формирањето на АМСМ

Точно пред седумдесет години во далечната 1945 година формиран е Автомото сојузот на Македонија или како што сме се навикнале кај нас АМСМ. Во овие седумдесет години Автомото сојузот постојано се надоградуваше и направени се повеќе структурни промени кои ги налагаше општиот развој и новонастанатите потреби. Но, сите овие години како константа останува дека АМСМ е наш и секогаш е тука да ни помогне.

повеќе...

Понеделник, 7 септември 2015 година

Обраќање на претседателот Вељаноски по повод 8 Септември - Денот на независноста

Пред дваесет и четири години граѓаните на Македонија на референдум се изјаснија за своја самостојна држава. Референдумот од 8 септември 1991 година е нашата најголема современа победа, а изразената волја на граѓаните претставува заокружување на стремежите, принципите и сонувањата на генерациите од двата Илиндена.

повеќе...

Понеделник, 31 август 2015 година

Обраќање на претседателот Вељаноски по повод одбележувањето на соработката меѓу Собранието и Вестминстер фондацијата за демократија 

Пред 4 години, во оваа зграда, имав задоволство, како претседател на македонскиот законодавен дом, заедно со британскиот амбасадор, да го потпишам меморандумот за продолжување на соработката со Вестминстер фондацијата за демократија.

повеќе...

Вторник, 25 август 2015 година

Обраќање на претседателот Вељаноски на Амбасадорскиот совет во Министерството за надворешни работи

Денеска, во рамките на редовниот годишен Амбасадорски совет – Работен состанок со шефовите на дипломатско-конзуларните претставништва на Република Македонија, што се одржува во Министерството за надворешни работи, свое обраќање имаше претседателот на Собранието на Република Македонија, г. Трајко Вељаноски.

повеќе...

Недела, 2 август 2015 година, Пелинце

Обраќање на претседателот Вељаноски по повод 2 Август - Илинден, Ден на Републиката

Со секој следен народен собир на Илинден затвораме една испишана страница од нашата македонска историја.
Со секој следен собир го отвораме и новото македонско историско поглавје кое потоа го пополнуваме со живи спомени до следната народна илинденска прослава.

повеќе...

Понеделник, 6 јули 2015 година

Претседателот Вељаноски го отвори 54. Балкански фестивал на народни песни и игри

Оваа наша фолклорна манифестација како најстара на Балканот, многу успешно ги претставува и афирмира културното наследство и достигнувањата на земјите и народите од каде што доаѓаат учесници во изминатите 54 години. Навистина звучи импозантно тоа што на овој фестивал досега учествувале над педесет илјади пејачи, играорци и инстументалисти и тоа од сите континенти.

повеќе...

Сабота, 23 мај 2015 година, Тирана

Обраќање на претседателот Вељаноски на втората Пленарна сесија на Парламентарното собрание на Процесот за соработка во Југоисточна Европа

Во име на Собранието на Република Македонија и во мое лично име, би сакал да изразам благодарност до Собранието на Република Албанија и претседателот, г.Илир Мета, за успешниот парламентарен придонес на Процесот за соработка во Југоисточна Европа, а особено за одличната организиција на оваа Пленарна сесија на Парламентарното собрание.

повеќе...

Среда, 20 мај 2015 година 

Обраќање на претседателот Вељаноски на отворањето на Парламентарниот комитет на ПД на ЦЕИ 

Ми претставува големо задоволство да се обратам пред вас на почетокот на сесијата на Парламентарниот комитет во рамките на Парламентарната димензија на Централноевропската иницијатива, која се вбројува во најстарите регионални организации на Европа. Денеска Централноевропската иницијатива здружува 18 држави, од кои десет се членки на Европската унија.

повеќе...

Понеделник, 18 мај 2015 година, Будимпешта

Обраќање на претседателот Вељаноски на Пролетната сесија на Парламентарното собрание на НАТО

Почитувани дами и господа,
Драги пријатели,
На самиот почеток, дозволете да го искажам моето задоволство од можноста да се обратам на овој значаен собир.
Ваквата констатација е дотолку поважна бидејќи станува збор за настан со кој уште повеќе ќе биде зајакната парламенарната димензија без која нато не би бил ваков каков што е.
Македонија, пак, како парламентарна демократија со јасна европска и евроатланска перспектива му се обраќа на секој пријател афирмирајќи ја својата вистина, своите потреби и очекувања.

повеќе...