Вторник, 16 октомври 2012 година

Јубилејна конференција на парламентарната димензија на ПСЈИЕ

Собранието на Република Македонија, во рамки на парламентарната димензија на Македонското претседателство со Процесот за соработка во Југоисточна Европа, вчера и денеска (15-16 октомври 2012 година), е домаќин на Меѓународната конференција „15 години од парламентарната димензија на ПСЈИЕ - минатото, сегашноста и европската иднина на Регионот“ и 7. состанок на Работната група за Парламентарната димензија на ПСЈИЕ.



Понеделник, 15 октомври 2012 година

Обраќање на претседателот Вељаноски на Меѓународната конференција посветена на 15-годишнината на парламентарната димензија на ПСЈИЕ

Од име на Собранието на Република Македонија и од свое име, Ви посакувам добрeдојде, пријатен претстој и успешна и плодна работа. Навистина е големо задоволство да се биде домаќин и организатор на значаен настан, каков што е одбележувањето на годишнината на Првата конференција на претседателите на парламентите на државите-членки на Процесот за соработка во Југоисточна Европа, иницирана од Парламентот на Република Грција и одржана во Атина, на денешниот датум пред 15 години



„15 години од парламентарната димензија на ПСЈИЕ - минатото, сегашноста и европската иднина на Регионот“ и 7. состанок на Работната група за Парламентарната димензија на ПСЈИЕ, 15-16 oктомври 2012 година, Скопје



Пeток, 12 октомври 2012 година

Процесот за соработка во Југоисточна Европа и неговата парламентарна димензија (ПСЈИЕ ПД)

Македонското претседателство со парламентарната димензија на ПСЈИЕ започнува со одбележување на 15-годишнината од Првата конференција на претседателите на ПСЈИЕ, одржана 1997 година во Атина. По тој повод се организира Меѓународна конференција на тема „15 години од парламентарната димензија на ПСЈИЕ - минатото, сегашноста и европската иднина на регионот".




Поздравно обраќање на претседателот на Собранието на Република Македонија, г. Трајко Вељаноски

Обраќање на г-ѓа Ермира Мехмети-Деваја, претседател на Работната група за Парламентарната димензија на ПСЈИЕ

Обраќање на заменик-министерот за надворешни работи, г. Зоран Петров  

Обраќање на г-ѓа Петра Блес, поранешен потпретседател на Бундестагот и висок експерт   

Обраќање на г-ѓа Гордана Чомиќ, потпретседател на Народно собрание на Република Србија, член на работната група

Обраќање на г. Валериу Стрелет, претседател на Либерал-демократската парламентарна група на Република Молдавија, член на работната група

Обраќање на г-ѓа Јања Класнич, потпретседател на Национално собрание на Република Словенија, член на работната група




“15 години од парламентарната димензија на ПСЈИЕ - минатото, сегашноста и европската иднина на Регионот“ и 7-ми состанок на Работната група за Парламентарната димензија на ПСЈИЕ, 15-16 октомври 2012, Скопје

Click