Pratenichki sostav
 
Пратенички состав

Национален совет за евроинтеграции 

е-пошта: nsei@sobranie.mk 
 

ОдлукиСеднициЈавни расправи,  СредбиДокументи НСЕИ,  Документи РМ-ЕУЗа Европската унија,  ЕУ новости,  ЕУ билтенЛинкови

Следејќи ја стратешката определба на Република Македонија, членство во Европската унија, за која граѓаните ја изразуваат својата целосна поддршка и особено имајќи ги предвид критериумите кои треба да се задоволат како и обврските кои надлежните институции и сите општествени субјекти ги превземаат, Собранието на Република Македонија на седницата одржана на 19 ноември 2007 година ја донесе Одлуката за основање на Националниот совет за евроинтеграции („Службен весник на Република Македонија“ бр.140/2007).

На седницата одржана на 6 јули 2011 година, Собранието донесе Одлука за изменување на Одлуката за основање Национален совет за евроинтеграции ("Службен весник на Република Македонија" бр.91/2011).

Советот има претседател, потпретседател, 15 члена и девет заменици членови, и тоа: девет члена од редот на пратениците во Собранието, кои имаат свои заменици и шест члена од други институции: заменикот на претседателот на Владата задолжен за европски прашања, претставник од Кабинетот на претседателот на РМ, претставник од Кабинетот на претседателот на Владата на РМ, претставник од Македонската академија на науките и уметностите, од Заедницата на единиците на локалната самоуправа и од Здружението на новинарите. Овие шест членови учествуваат во работата на Советот без право на одлучување.

Претседателот на Советот се именува од редот на пратениците кои се во опозиција, а потпретседателот од редот на пратениците кои се во позиција.

Членови и заменици членови на Советот од редот на пратениците се:  три члена и три заменици членови од редот на пратениците кои се во позиција, три члена и три заменици членови од редот на пратениците кои се во опозиција.

Членови по функција се: претседателот на Комисијата за европски прашања, претседателот на Комисијата на надворешна политика и копретседателот на Мешовитиот парламентарен комитет ЕУ - Република Македонија, а заменици членови по функција се: заменик претседателот на Комисијата за европски прашања, заменик претседателот на Комисијата на надворешна политика и еден од потпретседателите на Мешовитиот парламентарен комитет ЕУ - Република Македонија
Начинот на работа, правата и обврските на претседателот, потпретседателот и членовите на Советот, јавноста во работата и вршењето на стручните, административните и другите работи за потребите на Советот се уредени со Деловникот на Националниот совет  донесен на 25.10.2011 година.

Советот одлучува со консензус на присутните членови што имаат право на одлучување, од редот на пратениците.

Седниците на Советот се отворени за јавноста. Советот може да одлучи да работи без присуство на јавноста ако тоа го предложат претседателот на Советот или најмалку една третина од вкупниот број на членови на Советот. По предлогот, Советот одлучува со консензус на присутните членови на Советот.

Претседател: Лидија Димова
Потпретседател: Илија Димовски
Членови: 1. Димитар Стевананџија
2. Александар Николоски
3. Мерван Џемаили
4. Мерал Узеири-Ферати
5. Солза Грчева
6. Васко Ковачевски
7. Ермира Мехмети
8. Антонијо Милошоски
9. Кенан Хасипи
10. Арбр Адеми, заменик на претседателот на Владата на Република Македонија задолжен за евроинтеграции
11. Претставник од Кабинетот на претседателот на Република Македонија
12. Дарко Ангелов, претставник од Кабинетот на претседателот на Владата на Република Македонија, советник за надворешни работи на претседателот на Владата
13. Акад. Владо Камбовски, од Македонската академија на науките и уметностите
14. Жика Стојановски, градоначалник на општина Илинден, претставник од Заедницата на единиците на локалната самоуправа
15. Насер Селмани, претседател на Здружението на новинарите на Македонија

Заменик-членови: 1. Лилјана Затуроска
2. Ане Лашкоска
3. Талат Џафери
4. Орхан Ибраими
5. Рената Дескоска
6. Петре Шилегов
7. Нора Алити
8. Светлана Карапетрова
9. Артан Груби
  Претставници:                                                                                                                                                                                                                                                            
                                          - Антони Пешев, претседавач на Собранието  на Стопанската комора на Македонија                                                                                                               
           - Данела Арсовска, претседател на Сојузот на стопански комори на Македонија
           - м-р Живко Митревски, претседател на Сојузот на синдикатите на Македонија
           - Благоја Ралповски, вд. претседател на Конфедерацијата на слободни синдикати на Македонија 
           - Слободан Антовски, претседател на Унијата на независни и автономни синдикати на Македонија
           - Лулзим Хазири, Граѓанска платформа на Македонија
           - Бобан Митевски, Македонска православна црква
           - Шинази Мемети, Исламска верска заедница
           - Томе Колев, претставник од страна на Католичка црква
           - Христина Танчева, Евангелско-Методистичка црква во Македонија
           - Јана Ничота, Еврејска заедница во Република Македонија