Нова Демократија


1998 - 2002



                                                Димова Марковиќ Наталија 
  
 


     
 
   
  





Член на Нова демократија.
     
  
   Член на пратеничката група на Собранието на РМ за соработка со Парламентот на Република Турција. Заменик на член на делегацијата на Собранието на РМ во Парламентарното собрание на Советот на Европа. Член на Комисијата за уставни прашања, на Законодавно-правната комисија и на Комисијата за внатрешна политика и одбрана при Собранието на РМ.
     
  
   Родена 1966 година во Велес, РМ. Македонка. Завршила Правен факултет. Работела како правник во Медицинскиот центар во Велес. Сега е генерален директор на Пошта-Велес. Добро го знае рускиот,а се служи и со англискиот јазик. Нема претходно пратеничко искуство. Живее во Велес.
     


 

                                                                 Петров Чедо
 
 


    
 
  
  


Член на Нова демократија.
     
  
   Член на пратеничката група на Собранието на РМ за соработка со Парламентот на Република Албанија. Член на пратеничката група на Собранието на РМ за соработка со Парламентот на Република Грција.
     
  
   Роден 1957 година во Пробиштип, РМ. Македонец. Завршил Економски факултет. Бил финансов директор во Рудници "Злетово", каде што во еден период бил претседател на Управниот одбор. Претседател на Бордот на директори на Рудникот "Горанци" во Крива Паланка. Директор на Друштвото со ограничена одговорност "Фининг" во Скопје. Живее во Пробиштип.





                                                           Спанаков Ристо
 
 


    
 
  
 


Член на Нова демократија. 
      
Член на пратеничката група на Собранието на РМ за соработка со Парламентот на Република Франција. 
      
Роден 1953 година во Гевгелија, РМ. Македонец. Завршил Медицински факултет, специјалист по радиодијагностика, доктор по медицински науки. Вработен во Медицинскиот центар во Гевгелија. Добро го знае англискиот, а се служи и со грчкиот јазик. Живее во Гевгелија.





                                                      Тодоровски Павле
 
 


    
 
  
  


Член на Нова демократија. 
      
Бил одборник во Собранието на општина Кавадарци во два мандатни периоди. Член на пратеничката група на Собранието на РМ за соработка со Парламентот на Република Хрватска.
     
  
   Роден 1939 година во с. Џепиште, Дебар, РМ. Македонец. Завршил Земјоделски факултет. Работел како инженер агроном во Агрокомбинатот "Тиквеш" во Кавадарци, последна функција директор на Комбинатот. Се служи со францускиот јазик. Живее во Кавадарци.

Click