Активности на Парламентарен институт

ИДНИНАТА НА ИСТРАЖУВАЧКИТЕ СЛУЖБИ ВО ПАРЛАМЕНТИТЕ

Раководителот на Парламентарниот институт, м-р Златко Атанасов, во рамки на Европскиот центар за парламентарни истражувања и документација одржа презентации на теми поврзани со иднината на службите за истражувања и анализи во парламентите.Во својот дел г. Атанасов даде свое видување за методолошкиот пристап кон прашањето за миграцијата како тема која е силно политички поларизирана, за начинот на прикажување на опциите и како да се прибира статистиката.

Дополнително, на друг панел, беше презентирано регионалното лидерството на Парламентарниот институт, како домаќин на регионалната конференција на истражувачките служби на парламентите во регионот, подготовката на заедничките анализи и регионалниот регистар на истражувачи.Конференцијата се одржа во Европскиот парламент во Брисел.

Click