Активности на Парламентарен институт

Септември 2017 година

ОБЈАВЕНА ЗБИРКА НА ИСТРАЖУВАЧКИ РАБОТИ ОД ПАРЛАМЕНТАРНИОТ ИНСТИТУТ ИЗРАБОТЕНИ ПО СОПСТВЕНА ИНИЦИЈАТИВА

Согласно Правилникот за вршење на надлежностите на Парламентарниот институт, во текот на месец септември се финализира и испечати Збирка на истражувачки работи по сопствена иницијатива на Парламентарниот институт за 2016 година. Збирката содржи петнаесет проактивни истражувачки работи во вид на компаративен преглед, кратка информација и студија.

Истражувачките работи кои се дел од збирката се изработени по сопствена иницијатива на Секторот за општи анализи, истражувања и евроинтеграции при Парламентарниот институт на Собранието на Република Македонија.