Активности на Парламентарен институт

3-5 април 2017 година

ОБУКА ЗА РАКОВОДИТЕЛИТЕ НА СЛУЖБАТА НА СОБРАНИЕТО НА ТЕМА УПРАВУВАЊЕ СО ЧОВЕЧКИ РЕСУРСИ

Во функција на зајакнување на административните капацитети на вработените од Службата на Собранието на Република Македонија, во периодот од 3-5 април 2017 година во Едукативниот центар на Парламентарниот институт беше одржана обука на тема „Управување со човечки ресурси“.

Тренинг програмата беше организирана од страна на Националниот Демократски Институт како поддршка на Парламентарниот институт и одржана од страна на обучувачот Роберт Вилсон од Ирска, експерт од областа на управување со човечки ресурси.

На обуката присуствуваа раководни лица од Парламентарниот институт и од службата на Собранието на Република Македонија.

Во тридневната тренинг програма беа опфатени бројни теоретски аспекти и практични вежби во следниве области: политики на вработувањето, методите на селекција, дизајн на интервјуа, механизми за бодирање/оценување и комисија за селекција, подготовка и спроведување на интервју, како и понуда за работа со повратни информации за кандидатот.

Click