Активности на Парламентарен институт

20 март 2017 год 

ОБУКА ЗА СЛУЖБАТА НА СОБРАНИЕТО НА ТЕМА “УПРАВУВАЊЕ СО РИЗИЦИ”

Во насока на развивање на Стратегија за управување со ризиците од Планот за воспоставување и развој на финансиското управување и контрола на Собранието на Република Македонија, ќе се организираат серија работилници наменети за раководните лица на Службата на Собранието.

Првата работилница со работен наслов Управување со ризици, се одржа на 20 март 2017 год во Едукативниот центар на Парламентарниот институт и беше испорачана од раководителот на секторот за јавна внатрешна финансиска контрола од Министерство за финансии.

Во однос на реформите во буџетскиот систем, кои вклучуваат воведување на стратешко планирање и следење на реализацијата на целите на програмите, во јавниот сектор, добива важност и процесот на управување со ризиците кој истовремено се развива, особено во процесите кои се од суштинско значење за реализација на стратешките цели.

Со цел управувањето со ризиците да стане составен дел на процесот на планирање и донесување одлуки неопходно е секој корисник на буџетот да гради таква култура во која управувањето со ризици ќе стане составен дел на планските документи (стратешки, оперативни и финансиски планови), а комуницирањето за утврдените ризици да стане пракса врз која ќе се носат соодветни одлуки.

Click