Активности на Парламентарен институт

28 март 2018 година

ПРОФЕСИОНАЛИЗАМ, ЕТИКА И ИНТЕГРИТЕТ - НАПРЕДНА ОБУКА ЗА СЛУЖБАТА НА СОБРАНИЕТО

Во периодот од 26 до 28 март 2018 година во Едукативниот центар на Парламентарниот институт беше одржана напредна обука на тема Професионална етика и интегритет, наменета за собраниската служба.

Во тридневната обука беа опфатени македонските практити во областите на професионализам во работна средина, интегритет и како истиот се поврзува со транспарентноста, како и додадената вредност на соодветната имплементација на Кодексот на однесување за вработените. Со оваа обука се заокружи проектот за зајакнување на административните капацитети на вработените од Службата на Собранието на Република Македонија, кој се реализира во три фази од септември 2017 година.

Тренинг програмата беше испорачана од страна на Центарот за европски безбедносни студии (CESS), од Холандија, како и Собранието на Република Македонија, а финансиски поддржана од Амбасадата на Кралството Холандија во Скопје.