Активности на Парламентарен институт

20 јануари 2017 година

ПРОФЕСИОНАЛНО УСОВРШУВАЊЕ НА СЛУЖБАТА НА СОБРАНИЕТО

Во функција на зајакнување на административните капацитети на вработените од Службата на Собранието на Република Македонија, во текот на 2016 година, Парламентарниот институт во соработка со училиште за странски јазици, организира и спроведе курсеви за изучување на јазици (германски, албански и француски јазик). 

Во нив земаа учество вкупно 60 вработени од службата на Собранието, кои на 20 јануари се здобија со сертификат за успешно завршување на соодветниот степен.

Јазичните курсеви со голем интерес се спроведуваат и во текот на 2017 година.

Click