Активности на Парламентарен институт

20 март 2018 година

ЕДНОДНЕВЕН СЕМИНАР НА ТЕМА ДЕМОКРАТИЈАТА И СОБРАНИЕТО ЗА УЧЕНИЦИ ОД СРЕДНО ОБРАЗОВАНИЕ

На 20 март 2018 година, ученици од Младинскиот образовен форум, учествуваа на еднодневен едукативен семинар со работен наслов „Демократијата и Собранието“. 

Целта на семинарите е приближување на работата на Собранието на Република Македонија до младата популација, што ќе придонесе за развивање на нивната свест за придобивките од демократијата.

На еднодневниот семинар присуствуваше делегација од парламентарната служба на Швајцарската конфедерација, со цел размена на искуства и презентација на активности од областа на едукацијата и комуникацијата.

На присутните ученици им беше доделен сертификат за учество на семинарот, од страна на раководителот на Парламентарниот институт, Златко Атанасов.

Учесниците на семинарот имаа можност низ организирана обиколка да ги разгледаат најрепрезентативните простории од зградата на Собранието, како важно обележје на македонската државност.

Click