Активности на Парламентарен институт

Понеделник, 30 април 2018 година

ВРАБОТУВАЊЕ ВО ПАРЛАМЕНТАРНИОТ ИНСТИТУТ НА СОБРАНИЕТО НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА

Парламентарниот институт како Посебна организациона единица на Собранието на Република Македонија ги пополнува своите капацитети со вработување високо квалификуван кадар на седум слободни позиции. 

Во Секторот за општи анализи, истражувања и евроинтеграции, како и во Секторот за едукација и комуникација, истражувачка библиотека и законодавна архива слободни се четири раководни и три советнички работни позиции за професионалци со искуство во областа на политичките, економските и организациските (менаџмент) науки и тоа:

(1) Раководител на Сектор за општи анализи, истражувања и евроинтеграции

(2) Раководител на Сектор за едукација и комуникација, истражувачка библиотека и законодавна архива 

(3) Раководител на Одделение за општи анализи и истражувања во Секторот за општи анализи, истражувања и евроинтеграции 

(4) Раководител на Одделение за едукација и комуникација во Секторот за едукација и комуникација, истражувачка библиотека и законодавна архива 

(5) Советник-истражувач и аналитичар по современи економски системи во Одделението за општи анализи и истражувања во Секторот за општи анализи, истражувања и евроинтеграции 

(6) Советник-истражувач и аналитичар по компаративно право и правни системи во Одделението за правни анализи и истражувања во Секторот за општи анализи, истражувања и евроинтеграции 

(7) Советник-истражувач и аналитичар по пазарна економија во Одделението за општи анализи и истражувања во Секторот за општи анализи, истражувања и евроинтеграции 

ЛИНК ЗА ПРИЈАВУВАЊЕ

Покрај исполнување на општите услови за аплицирање предвидени во членот 13 став (2) од Законот за државни службеници, кандидатите мора да ги поседуваат професионалните квалификации соодветни за секоја работна позиција предвидени во Правилникот за систематизација на работните места на Собрание на Република Македонија.

Рокот за доставување на пријавите изнесува дваесет (20) дена, сметано од наредниот ден од денот на објавувањето на огласот (не сметајќи го денот на објавувањето). Условите наведени во огласот, кандидатите треба да ги исполнуваат во моментот на пријавувањето.

Процесот на регрутација на кадар во Парламентарниот Институт како и селекцијата на кандидати се поддржани и ќе бидат надгледувани од Националниот демократски институт (НДИ) во Македонија и Швајцарската агенција за развој и соработка (СДЦ).

Повеќе за постапката за вработување во документот подолу:

ПРЕЗЕМИ ДОКУМЕНТ

Click