Pratenichki sostav
 
Пратенички состав
---


АБДУРАХМАН АЛИТИ

 

 

 

 

 

 

Член  и лидер на Партијата за демокртаски просперитет во Македонија, извесен период и потпретседател на Собранието. Роден 1945 година во село Желино, Тетово, Албанец. Завршил Правен факултет. Беше пратеник и во претходниот мандатенј период. Живее во Тетово.

 


                                                                               
                                                                 Алиу Абдула
 
 


    
 
  
  



Член на Партијата за демократски просперитет (ПДП). 
      
Член на делегацијата на Собранието на РМ во Интерпарламентарната унија. Член на пратеничката група на Собранието на РМ за соработка со Парламентот на Република Ирска. 
      
Роден 1951 година во с. Шипковица, Тетово, РМ. Албанец. Завршил Правен факултет, доктор по правни науки. Професор на Правниот факултет во Приштина, Косово, СРЈ. Се служи со францускиот јазик. Живее во Тетово.

 


 

                                                       Билали Мерсел 
  
 


     
 
   
  


Член на Партијата за демократски просперитет (ПДП).
     
  
   Потпретседател на НДП. Претседател на Комисијата за политички систем и член на Законодавно-правната комисија при Собранието на РМ. Член на делегацијата на Собранието на РМ во Парламентарното собрание на ОБСЕ. Член на пратеничката група на Собранието на РМ за соработка со Парламентот на Република Словенија.
     
  
   Роден 1956 година во с. Чегране, Гостивар, РМ. Албанец. Завршил Правен факултет. Работел како професор во средно училиште во Гостивар, а извесен период и како новинар во Македонската радио-телевизија. Добро го знае францускиот јазик. Бил пратеник во Собранието на РМ во претходниот мандат од 1994 година. Живее во с. Чегране, Гостивар.
     
  
   

 



АБДУЛАДИ ВЕЈСЕЛИ

 

 

 

 

 

Член на ПДП Роден 1964 година во Тетово, РМ. Албанец. Завршил Филолошки факултет. Бил професор во училиште, а работел и во приватното претпријатие "Минас" во Тетово. Се служи со англискиот јазик. Бил пратеник на ПДП во Собранието на РМ и во претходните два мандата од 1994 до 2002 година. Живее во Тетово.

 


                                                                

                                                             Зибери Насер
 
 


    
 
  
  



Член на Партијата за демократски просперитет (ПДП).
     
  
   Претседател на огранокот на ПДП во општина Карпош, Скопје од 1990 до 1994 година. Генерален секретар на ПДП од 1994 до 1998 година. Член на Претседателството и координатор на пратеничката група на ПДП во Собранието на РМ. Претседател на пратеничката група на Собранието на РМ за соработка со Парламентот на Република Турција. Член на пратеничката група на Собранието на РМ за соработка со парламентите на Кралството Норвешка, Република Финска, Кралството Шведска, Кралството Данска и Република Исланд. Бил потпретседател на Владата на Република Македонија од 1996 до 1998 година и министер за труд и социјална политика.
     
  
   Роден 1961 година во с. Ласкарци, Скопје, РМ. Албанец. Завршил Правен факултет. Извесен период работел и како новинар во дневниот весник на албански јазик "Фљака". Се служи со францускиот јазик. Бил пратеник на ПДП во Собранието на РМ во двата претходни мандати од 1990 до 1994 и од 1994 до 1998 година. Живее во с. Ласкарци, Скопје.
     

 


 

Положани Азис

 

 

 

 


 Роден 1957 година во с. Ливада, Струга, РМ. Албанец. Завршил Медицински факултет, магистер по медицински науки. Работел како лекар по општа практика во Приштина, Косово, СРЈ, каде што специјализирал хирургија на Медицинскиот факултет. На Универзитетската клиника во Цирих, Швајцарија, завршил субспецијализација. Сега работи како хирург во Здравствената поликлиника во с. Велешта, Струга. Добро го знае англискиот јазик. Живее во Струга.
     

 

 

 

 
---


                                                            


                                                        Селмани Аслан 
 


    
 
   
  





Член на Партијата за демократски просперитет (ПДП). 
      
Претседател на Комисијата за градежништво и урбанизам во Собранието на РМ. Член на пратеничката група на Собранието на РМ за соработка со Парламентот на Република Хрватска. Во претходнот состав на Владата на Република Македонија бил министер за наука и член на Владата во два мандати. Бил претседател на Националната комисија за ТЕМПУС програма и координатор на активностите за нејзината имплементација во Република Македонија. 
      
Роден 1945 година во с. Лојане, Куманово, РМ. Албанец. Завршил Природно - математички факултет при Универзитетот "Св. Кирил и Методиј" во Скопје, доктор по географски науки. Редовен професор на Природоматематичкиот факултет. Се служи со францускиот и италијанскиот јазик. Бил пратеник на Собранието на РМ во претходните два мандати од 1990 до 1994 и од 1994 до 1998 година. Живее во Скопје.

 


                                                  

                                                             Сулејмани Оломан

                             ПОТПРЕТСЕДАТЕЛ НА СОБРАНИЕТО НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА 
 



     
 



   
Член на Партијата за демократски просперитет (ПДП). 
      
Прв претседател на огранокот на ПДП во Кичево. Бил советник во локалната самоуправа на Кичево во периодот од 1991 до 1994 година. Член на пратеничката група на Собранието на РМ за соработка со Парламентот на Република Монголија. Член на пратеничката група на Собранието на РМ за соработка со Парламентот на Република Кина. 
      
Роден 1950 година во с. Колибари, Кичево, РМ. Албанец. Завршил Филолошки факултет. Работел како професор по албански јазик и литература во Државното средно училиште "Мирко Милески" во Кичево. Бил и стручен соработник во Подрачната единица на Министерството за образование во Кичево. Добро го знае францускиот јазик, а се служи и со германскиот јазик. Бил пратеник од ПДП во Собранието на РМ во мандатот од 1991 до 1994 година. Живее во Кичево. 
      
   
На 13.05.2001 година е избран за потпретседател на Собранието на Република Македонија

 


 

                                                                 Сулејмани Ризван
 
 


    
 
   
  




Член на Партијата за демократски просперитет (ПДП). 
      
   Член на Собранието на партискиот огранок во Скопје. Член на Конференцијата и Централното собрание на ПДП и претседател на огранокот на ПДП за општина Карпош, Скопје. Член на парламентарната делегација на Собранието на РМ во НАТО. Член на парламентарната група на Собранието на РМ за соработка со Европскиот парламент. Член на пратеничката група на Собранието на РМ за соработка со Парламентот на Република Полска.
     
  
   Роден 1957 година во с. Лубин, Скопје, РМ. Албанец. Завршил Електротехнички факултет, насока автоматика. Работел како инженер по автоматика во Секторот за проектирање и развој, а потоа и како раководител на Компјутерскиот центар во претпријатието "Шар" Генерал Јанковиќ, Косово, СРЈ. Бил професор во Гимназијата "Зеф Љуш Марку" во Скопје. Последно вработување му е како републички трудов инспектор при Министерството за труд и социјална политика. Се служи со англискиот и турскиот јазик. Бил пратеник во Собранието на РМ во претходниот мандат од 1996 до 1998 година. Живее во Скопје.

 


 

                                                        Харуни Сејфедин
 
 


   
 
  
  




Член на Партијата за демократски просперитет (ПДП). 
      
Претседател на Комисијата за меѓунационални односи при Собранието на РМ. Член на пратеничката група на Собранието на РМ за соработка со Парламентот на Руската Федерација. 
      
Роден 1944 година во с. Градец, Гостивар, РМ. Албанец. Завршил Филолошки факултет, доктор по филолошки науки. Бил учител во с. Неготино, Гостивар, а потоа и професор по албански јазик во Гимназијата во Гостивар. Работел и како самостоен советник во Педагошкиот завод на Република Македонија. Професор на Педагошкиот факултет во Скопје од 1997 година. Се служи со францускиот јазик. Пратеник во Собранието на РМ во двата претходни мандатни, почнувајќи од првиот пратенички состав во 1990 година. Живее во с. Градец, Гостивар.