Партија за демократски просперитет на Албанците - Народна демократска партија


1998 - 2002



         

                                                           Абдулаи Јонуз
 
 


    
 
  
     


 Член на Партијата за демократски просперитет на Албанците во Македонија - Народна демократска партија (ПДПА - НДП).
     
  
   Член на Народната демократска партија (НДП) и советник во општина Гостивар. Вршител на должноста градоначалник на општина Гостивар. Член на делегацијата на Собранието на РМ во парламентарната делегација на Централноевропската иницијатива. Член на пратеничката група на Собранието на РМ за соработка со Парламентот на Република Италија. Член на пратеничката група на Собранието на РМ за соработка со Парламентот на Обединетото Кралство Велика Британија и Северна Ирска.
     
  
   Роден 1955 година во Гостивар, РМ. Албанец. Завршил Факултет за политички науки, магистер по политички науки. Бил вработен како предавач во Работничкиот универзитет во Гостивар и како раководител на Центарот за општо и стручно образование. Бил советник во Општинскиот совет на Гостивар. Се служи со англискиот и францускиот јазик. Живее во Гостивар.



Алиу Кхани



Бајрами Демуш 
 

 

 

 

 

 

 

Член на Партијата за демократски просперитет на Албанците во Македонија - Народна демократска партија (ПДПА-НДП).



Етеми Фатмир 
 

 

 

 

 

 

 

Член на Партијата за демократски просперитет на Албанците во Македонија - Народна демократска партија (ПДПА-НДП). 
     
Активен во Партијата од 1990 година. Носител на многу партиски функции. Член на Претседателството на ПДПА-НДП. Претседател на партискиот огранок на општина Чаир, Скопје. Сега е член на Централното собрание на ПДПА-НДП. Член на пратеничката група на Собранието на РМ за соработка со Парламентот на Република Бугарија. 
     
Роден 1965 година во Скопје, РМ. Албанец. Завршил Природно - математички факултет, биологија. Работел како професор по биологија. Бил советник во општина Чаир, Скопје. Живее во с. Визбегово, Скопје.



 

ЗАМИР ДИКА

 

 

 




Роден 1969 година во Дебар, РМ. Албанец. Завршил Машински факултет, доктор по машински науки. Бил раководител на производство во "Депласт" Дебар. Добро го знае англискиот, а се служи со италијанскиот јазик. Живее во Дебар.



 

ИЛЈАЗ ХАЛИМИ

 

 

 

 

Потпретседател на ДПА. Роден 1954 година во с. Сушиќе, Косово. Албанец. Завршил Филозофски факултет на Универзитетот во Приштина. Работел како професор, а до изборот за пратеник и како заменик директор на гимназијата во Тетово. Еден од оснивачите и актуелен потпретседател на ДПА. Бил пратеник и потпретседател на Собранието на РМ во претходниот парламентарен состав. Живее во Тетово.



Кадриу Назми 
 

 

 

 

 

 

 

Член на Партијата за демократски просперитет на Албанците во Македонија - Народна демократска партија (ПДПА-НДП). 
     
Член на пратеничката група на Собранието на РМ за соработка со Парламентот на Република Турција. 
     
Роден 1964 година во с. Морани, Скопје, РМ. Албанец. Завршил Технолошки факултет. Живее во с. Морани, Скопје.



Љутфии Билал 
  

 

 

 

 

 

 

Член на Партијата за демократски просперитет на Албанците во Македонија - Народна демократска партија (ПДПА-НДП). 
     
Член на Претседателството на ПДПА-НДП. Претседател на пратеничката група на Собранието на РМ за соработка со Парламентот на Република Албанија. Член на пратеничката група на Собранието на РМ за соработка со Парламентот на Република Грција. 
     
Роден 1960 година во с. Доброште, Теарце, Тетово, РМ. Албанец. Завршил Филозофски факултет, филозофија. Бил професор во средно училиште. Живее во с. Доброште,Тетово.



Таири Мухамед 
 

 

 

 

 

 

 

Член на Партијата за демократски просперитет на Албанците-Народна демократска партија (ПДПА-НДП). 
     
Претседател на пратеничката група на Собранието на РМ за соработка со Парламентот на Република Монголија. Член на пратеничката група на Собранието на РМ за соработка со Парламентот на Република Кина. 
     
Роден 1957 година во Гостивар, РМ. Албанец. Завршил Виша социјална школа. Работи како социјален работник во Центарот за социјални работи во Гостивар. Нема претходно пратеничко искуство. Живее во Гостивар.



Џафери Арбен 
  

 

 

 

 

 

 

Член и претседател на Партијата за демократски просперитет на Албанците во Македонија - Народна демократска партија (ПДПА-НДП). 
     
Член на делегацијата на Собранието на РМ во Парламентарното собрание на Советот на Европа. Член на пратеничката група на Собранието на РМ за соработка со парламентите на Кралството Норвешка, Република Финска, Кралството Шведска, Кралството Данска и Република Исланд. Член на Комисијата за култура при Собранието на РМ. 
     
Роден 1948 година во Тетово, РМ. Албанец. Завршил Филозофски факултет. Се занимавал со новинарство. Добро ги знае англискиот и српскиот јазик, а се служи со францускиот и турскиот јазик. Бил пратеник во Собранието на РМ во претходниот мандат од 1994 до 1998 година. Живее во Тетово.

Click