ПРОЕКТИ

Проект: “Поддршка на македонската парламентарна реформа“

Фондацијата за демократија на Вестминстер (ВФД) е независна фондација спонзорирана од Министерството за надворешни работи и Комонвелт на Велика Британија (FCO) и Одделот за меѓународен развој (DFID). Специјалност на ВФД е праментарно зајакнување и развој на политички партии, додека работи и на поддшка на изборни процеси и зајакнување на граѓанско општество. Ова го прави преку асистирање во развој на парламентите, политичките партии и организациите на граѓанското општество.  ВФД е во уникатна позиција за директно да користи експертиза од политичките партии во Вестминстер, членовите на парламентот (MPs) и деволуираните собранија, Британските граѓански организации и експерти во различни полиња.

Проектот

ВФД работи во Македонија од 2008 година, на програма која што нудела поддшка на различни аспекти од работата на Собранието на Република Македонија. 

Во септември 2017 година, Фондацијата за демократија на Вестминстер со поддршка на Британската амбасада во Скопје започна со имплементација на проектот: “Поддршка на македонската парламентарна реформа“.

Целта на овој проект е да ги постави основите за долгорочна поддршка на Собранието на Република Македонија, преку вршење на процена на капацитетите на човековите ресурси, поддршка во процесот на стратешко планирање и развој на препораки за подобрување на механизмите за финансиски надзор, транспарентност и отчетност. 

Очекувани излезни производи од овој проект се:

  • Излезен производ 1: Собранието има зајакнато знаење, свест и информации за да ги адресира прашањата поврзани со капацитетите на човековите ресурси, стратешкото планирање и припремата на буџетот;
  • Излезен производ 2: Собранието има зајакнато знаење, свест и информации за практиките и инструментите за да го зајакне финансискиот надзор;
  • Излезен произвор 3: Собранието е спремно да ја зајакне отвореноста и транспарентноста на своите комуникации со внатрешни и надворешни засегнати страни.