Pratenichki sostav
 
Пратенички состав


 

 

Светлана Јакимовска

ПОТПРЕТСЕДАТЕЛ НА СОБРАНИЕТО НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА

 

 


Контакт информации:
кат 1, соба бр. 151
директен телефон 02/3 119 110
локал 320
Е-пошта: s.jakimovska@sobranie.mk

Светлана Јакимовска е родена на 8 јуни 1956 година во Скопје. Македонка и член на ВМРО-ДПМНЕ.
Средно образование има завршено во гимназијата „Раде Јовчевски – Корчагин“, а дипломирала на Правниот факултет „Јустинијан Први“ при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје. Мажена и мајка на едно дете.

Својата професионална кариера ја започнува во 1984 година во АД Макотекс – Скопје, а подоцна станува и раководител на Служба за нормативна дејност и органи на управување.

Од 2001 до февруари 2002 година е помошник-директор на Заводот за вработување на Република Македонија, а од март 2002 година е именувана, со одлука на Владата на Република Македонија, за диектор на Заводот за вработување на Република Македонија (сега Агенција за вработување на Република Македонија).

Паралелно со професионалните активности, Светлана Јакимовска бележи и многу активно и успешно политичко ангажирање во својата матична партија ВМРО-ДПМНЕ. И тука својот политички ангажман тесно го поврзува со својата професионална определба – правото и законодавството.

Во својата матична партија врши повеќе функции меѓу кои:

  • Делегат на годишното собрание на ВМРО-ДПМНЕ;
  • Заменик претседател на Комисијата за социјални прашања, работни односи и вработеност;
  • Потпретседател на комисијата за правни работи;
  • Член на форумот за правни, политички прашања и судски систем на ВМРО ДПМНЕ;
  • Делегат на 13 и 14 Конгрес на ВМРО-ДПМНЕ;
  • Член на ОК Кисела Вода;
  • Член на ОИК за спроведување на локални избори 2005 год;
  • Член на Централниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ;
  • Член на Извршниот комитет на Унијата на жени на ВМРО-ДПМНЕ.

За својот ангажман има добиено и повеќе признанија и благодарници, меѓу кои: за особено залагање и личен придонес во партнерството за стопански развој на Република Македонија, во Проектот за примена на интегрираниот модел на Министерството за труд на САД со поддршка на УСАИД (април 2002 година).

Активно учествува на повеќе меѓународни конференции и семинари, политички вештини и кампањи извршена во соработка со Центарот за образование и обука МОТИВА (март 2008 година) и „Campaigning Masterclass“ (активност – кампања од највисока професионална класа).

На парламентарните избори во јуни 2006 година е избрана за пратеник во Собранието на Република Македонија на листата ма ВМРО-ДПМНЕ. Во петтиот мандатен состав како претседател ја води собраниската Комисија за деловнички и мандатно-имунитетни прашања.

На предвремените парламентарни избори во јуни 2008 година повторно е избрана за пратеник, а од 31 јули 2008 година е избрана за потпретседател на Собранието на Република Македонија.

Како потпретседател, покрај другите активности и задачи, Светлана Јакимовска претседаваше со Буџетскиот совет на Собранието на Република Македонија, а исто така беше и член во Билатералните групи на Собранието на Р. Македонија за соработка со Парламентите на Република Полска, Република Словенија, Црна Гора и Австралија и Нов Зеланд.

На предвремените парламентарни избори во јуни 2011 година повторно е избрана за пратеник, а на седницата на Собранието на Република Македонија одржана на 12 јули 2011 година избрана е за потпретседател на Собранието на Република Македонија по втор пат.

Активности во Собранието на Република Македонија:

  • Верификациона комисија, претседател;
  • Комисија за политички систем и односи меѓу заедниците, заменик претседател;
  • Законодавно-правна комисија, член
  • Комисија за прашања на изборите и именувањата, член
  • Пратеничка група на Собранието на Република Македонија за соработка со Парламентот на Република Финска, претседател
  • Пратеничка група на Собранието на Република Македонија за соработка со Парламентот на Република Полска, член
  • Пратеничка група на Собранието на Република Македонија за соработка со Парламентот на Република Словенија, член