Собраниско раководство



СВЕТЛАНА ЈАКИМОВСКА

ПОТПРЕТСЕДАТЕЛ НА СОБРАНИЕТО НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА







 

Контакт информации:
кат II, соба бр. 77
директен телефон 02/3 119 110
локал 320

Светлана Јакимовска е родена на 8 јуни 1956 година во Скопје. Македонка и член на ВМРО-ДПМНЕ.
Средно образование има завршено во гимназијата „Раде Јовчевски-Корчагин“, а дипломирала на Правниот факултет „Јустинијан Први“ при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје. Мажена и мајка на едно дете.

Својата професионална кариера ја започнува во 1984 година во АД Макотекс - Скопје, а подоцна станува и раководител на Служба за нормативна дејност и органи на управување.

Од 2001 до февруари 2002 година е помошник-директор на Заводот за вработување на Република Македонија, а од март 2002 година е именувана, со одлука на Владата на Република Македонија, за директор на Заводот за вработување на Република Македонија (сега Агенција за вработување на Република Македонија).
Паралелно со професионалните активности, Светлана Јакимовска бележи и многу активно и успешно политичко ангажирање во својата матична партија ВМРО-ДПМНЕ. И тука својот политички ангажман тесно го поврзува со својата професионална определба - правото и законодавството.

Така во својата матична партија врши повеќе функции меѓу кои:  

  • заменик и копретседател на комисијата за социјални прашања, работни односи и вработеност; 
  • заменик претседател на комисијата за правни работи; член на еконимскиот форум;
  • член на форумот за правни, политички прашања и судски систем и други;
  • член на Централниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ и
  • член на Извршниот комитет на Унијата на жени на ВМРО-ДПМНЕ.

За својот ангажман има добиено и повеќе признанија и благодарници, меѓу кои: за особено залагање и личен придонес во партнерството за стопански развој на Република Македонија, во Проектот за примена на интегрираниот модел на Министерството за труд на САД со поддршка на УСАИД (април 2002).

Активно учествува на повеќе меѓународни конференции и семинари, политички вештини и кампањи извшена во соработка со Центарот за образование и обука МОТИВА (март 2008) и „Campaigning Masterclass“ (активност - кампања од највисока професионална класа).

На парламентарните избори во јуни 2006 година е избрана за пратеник во Собранието на Република Македонија на листата на ВМРО-ДПМНЕ. Во петтиот мандатен состав како претседател ја води собраниската Комисија за деловнички и мандатно-имунитетни прашања, а исто така е член на  други собраниски комисии и тела.

На предвремените парламентарни избори во јуни 2008 година повторно е избрана за пратеник, а на седницата на Собранието на Република Македонија одржана на 31 јули 2008 година е избрана за потпретседател на Собранието.  

Како потпретседател, покрај другите активности и задачи, Светлана Јакимовска претседава со Буџетскиот совет на Собранието на Република Македонија, а исто така е и член на Комисијата за труд и социјална политика, Пратеничката група на Собранието на Република Македонија за соработка со Парламентот на Република Полска, Пратеничката група на Собранието на Република Македонија за соработка со Парламентот на Република Словенија и Пратеничката група на Собранието на Република Македонија за соработка со Парламентот на Црна Гора, исто така е и заменик-претседател на Комисијата за деловнички и мандатно- имунитетни прашања.

Активности во Собранието

  • Буџетски совет на Собранието, претседател
  • Законодавно-правна комисија, заменик-член
  • Комисија за труд и социјална политика, член
  • Комисија за деловнички и мандатно-имунитетни прашања, заменик-претседател
  • Комисија за прашања на изборите и именувањата, заменик член
  • Пратеничка група на Собранието на Република Македонија за соработка со Парламентот на Република Полска, член
  • Пратеничка група на Собранието на Република Македонија за соработка со Парламентот на Република Словенија, член
  • Пратеничка група на Собранието на Република Македонија за соработка со Парламентот на Црна Гора, член
  • Пратеничка група на Собранието на Република Македонија за соработка со Парламентот на Австралија и Нов Зеланд, член
Click