ПРОЕКТИ

Професионалност, интегритет и етика во Собранието Република Македонија

Зајакнување на професионалноста, работната етика и интегритетот меѓу вработените во Собранието на Република Македонија се клучните цели на проектот кој го спроведува Центарот за европски и безбедносни студии со седиште во Холандија. 

Трите типа на активности: три обуки, две работилници за обука на тренери и два експертски состанока по кои ќе биде изготвен извештај со препораки се насочени кон поддржување на евроатлантска агенда на Македонија. 

Овој проект ќе обезбеди конкретни техники и методи за подобрување на професионалното однесување на собранискиот персонал, а воедно ќе овозможи и увид во начинот на кој можат најефективно да се искористат резултатите од обуките за професионална етика и интегритет. 

  • Проектот е поддржан од Амбасадата на Кралството Холандија во Македонија за периодот од март 2016 до март 2018 година.