Комисија за економска политика и развој
Комисијата за финансирање и буџет има претседател и десет члена од редот на пратениците во Собранието на Република Македонија и четири члена од редот на научните и стручните работници.
Комисијата ги разгледува прашањата што се однесуваат на:
- системот на финансирање и системот на извори и видови на приходи на Републиката и општините;
- даноците, таксите, придонесите и другите јавни давачки на граѓаните и правните лица;
- Буџетот на Републиката и завршната сметка за извршување на Буџетот;
- компензациите, премиите, регресите и стимулациите;
- концесиите;
- јавните заеми;
- јавните набавки;
- издавањето на обврзници;
- системот на осигурувањето на имоти и лица;
- дејството на финансиските инструменти и мерките на монетарно-кредитниот и банкарскиот систем;
- ратификацијата на договори, склучени со меѓународни финансиски организации;
- пресметковниот систем, системот на плаќање и платниот промет;
- платите и другите надоместоци од работен однос на корисниците на средствата од Буџетот на Републиката;
- службите за финансиска контрола;
- евиденцијата и прометот на недвижности;
- сопственичките и други имотни права;
- интервенциите во стопанството што се обезбедуваат од средствата на Буџетот на Републиката;
- инвестициите што се финансираат од средствата на Буџетот на Републиката;
- игрите на среќа; - средства на солидарност и
- други прашања што се однесуваат на финансирањето.
Претседател:
Бајрами Фадил Членови:
Ќосев Слободан Трајков Горанчо Ѓоргиев Илија Гарчевски Слободан Фити Таки Јованов Никола Абдулаи Јонуз Сулејмани Ризван