Работни тела

Комисија за европски и евро-атлантски интеграции



Комисијата за европски и евро-атлантски интеграции се состои од претседател и членови. Претседателот на Собранието на Република Македонија е претседател на Комисијата. Членови на комисијата се: потпретседателите на Собранието на Република Македонија, коор

Комисијата ги врши следниве работи:

- ги разгледува прашањата што се однесуваат на европските и евро-атлантските интеграции и вклучувањето на Република Македонија во овие интеграции;

- обезбедува усогласување на ставовите за собраниските активности во поглед на клучните прашања сврзани со процесите на интеграција во европските и евро-атлантските структури;

- ги оценува реализираните и иницира натамошни активности во врска со овие интеграции;

- презема активности за усогласување на законодавството на Република Македонија со законодавството на Европската Унија и со актите на меѓународните организации чиј член е Република Македонија;

- обезбедува градење ставови за настапи на претставниците на Собранието на Република Македонија во меѓународните организации и институции во врска со прашањата на европските и евро-атлантските интеграции;

- иницира разгледување прашања од страна на работните тела на Собранието на Република Македонија и

- врши други работи во врска со усогласувањето на собраниските активности сврзани со процесите на европските и евро-атлантските интеграции.


Претседател: Андов Стојан 
 

        Членови: Стојановски Томислав 
                         Сулејмани Оломан 
                         Мирчески Звонко 
                         Халими Илјаз 
                         Кралевски Чедомир  
                         Поповски Никола 
                         Зибери Насер 
                         Дика Замир  
                         Даневски Слободан 
                         Јованов Никола  
                         Ристовски Ненад 
                         Спанаков Ристо 
                         Карангелевски Радомир 
                         Глигороски Данило 
                         Стојменов Златко 
                         Ставрев Милан  
                         Ќосев Слободан 
 
Click