Комисија за надворешна политика
Комисијата за надворешна политика има претседател и дванаесет члена од редот на пратениците во Собранието на Република Македонија и четири члена од редот на научните и стручните работници.
Комисијата ги разгледува прашањата што се однесуваат на:
- надворешната политика на Република Македонија и нејзините односи со другите држави и меѓународни организации;
- политиката со која се обезбедува грижата на Републиката за положбата и правата на припадниците на македонскиот народ во соседните земји и за иселениците од Македонија, како и за културните, економските и социјалните права на граѓаните од Републиката и
- стапувањето или истапувањето од сојуз или заедници со други држави;
- потребата од започнување преговори за склучување билатерални и мултилатерални меѓународни договори на Република Македонија, односно за платформите на овие преговори;
- ратификацијата на меѓународни договори;
- предлозите за поставување на амбасадорите на Република Македонија во странство и ги ислушува платформите за нивно делување;
- меѓународната регулатива од областа на човековите и граѓанските права, слободи и документите на меѓународните организации и асоцијации;
- меѓународната регулатива од областа на човековите и граѓанските права, слободи и документите на меѓународните организации и асоцијации;
- воспоставување на парламентарна соработка на Републиката со други држави и меѓународни организации;
- воспоставување соработка со респективните комисии за надворешна политика на парламентите на другите држави;
- иницијативи и предлози за дефинирање на стратегијата на надворешната политика на Република Македонија;
- иницирање расправи во Собранието на актуелни надворешно-политички теми и
- други прашања што се однесуваат на надворешната политика на Република Македонија.
Претседател: Бошков Јордан
Членови: Глигороски Данило
Марковска Ѓулистана
Черкезов Миланчо
Кралевски Чедомир
Карангелевски Радомир
Петровски Томислав
Дика Замир
Ханџиски Благој
Шеќеринска Радмила
Поповски Љубомир
Билали Мерсел
Даневски Слободан