Комисија за образование и наука Комисијата за образование и наука има претседател и десет члена од редот на пратениците во Собранието на Република Македонија и четири члена од редот на научните и стручните работници.
Комисијата ги разгледува прашањата што се однесуваат на:
- системот и организацијата на предучилишното воспитување и образование, основното, средното и високото образование;
- системот и организацијата на научно- истражувачката работа;
- создавањето, примената и вреднувањето на пронајдоците, патентите и другите инвентивни активности што произлегуваат од научното, уметничкото или друг вид на интелектуално творештво;
- информатиката, научниот и технолошкиот развој и техничката култура;
- физичкото воспитание и спорт;
- организацијата, развојот и функционирањето на информациониот систем во Републиката и
- други прашања што се однесуваат на образованието и науката.
Претседател:
Љутфии Билал Членови:
Баткоски Димитар Глигороски Данило Симев Вангел Наумовски Рубенс Попов Стојан Бајрами Демуш Ханџиски Благој Макрадули Јани Шеќеринска Радмила Сулејмани Оломан