Pratenichki sostav
 
Пратенички состав
Комисија за одбележување годишнини на значајни настани и личности



Комисијата за одбележување годишнини на значајни настани и личности има претседател и осум члена од редот на пратениците во Собранието на Република Македонија и три члена од редот на научните и стручните работници.

Комисијата ги разгледува прашањата што се однесуваат на:

- определувањето годишнини на настани и личности од посебно значење за државно-правниот развој на Републиката, афирмацијата на историското и културното наследство и негувањето на општоцивилизациските вредности;

- надградувањето и збогатувањето на втемелените традиции на одбележување на значајни настани и личности и на историското богатство на македонскиот народ и националностите;

- начинот и формите на одбележување на значајни настани и личности;

- активностите на посебни одбори формирани за одделни одбележувања и

- други прашања што се однесуваат на одбележувањето годишнини и значајни настани и личности.


Претседател: Настески Кирил 
 

        Членови: Георгиевски Михајло 
                         Пандов Александар 
                         Сајкоски Аце  
                         Божиновска Валентина 
                         Петровски Томислав 
                         Стојковски Благој 
                         Селмани Аслан 
                         Бајрами Демуш