Комисија за прашања на изборите и именувањата
Комисијата за прашања на изборите и именувањата има претседател и дванаесет члена од редот на пратениците на Собранието на Република Македонија.
Комисијата ги разгледува прашањата што се однесуваат на:
- поднесувањето предлози за избори и именувања,односно разрешување на функционери кои ги избира, односно именува Собранието, ако со Устав, закон, деловник или друг акт на Собранието не е определено ваков предлог да поднесува друг орган;
- предлагање состав на постојаните и повремените работни тела на Собранието;
- предлага членови на управни органи и други тела во претпријатија, организации и институции кои ги избира, односно именува Собранието на Република Македонија, ако со Уставот, закон или друг акт не е определено ваков предлог да поднесува друг орган;
- предлагање и именување на членови на Редакцискиот одбор на гласилото на Собранието на Република Македонија;
- предлага, односно донесува одлуки за именување и разрешување претставници на Републиката во органите на управувањето и членови на конкурсни комисии за избор на индивидуални работоводни органи кои се во надлежност на Собранието на Република Македонија;
- предлагање состав на одбори и други тела на Собранието за организирање и спроведување прослави на одделни историски настани од значење за Републиката и на други настани чие одбележување е потребно, како и за доделување на републички награди;
- давање претходна согласност на актот за внатрешна организација и за систематизација на Службата на Собранието и
- дава мислење по предлозите за избор, односно именување на носители на јавни функции кои ги избира односно именува Собранието на Република Македонија, а кои се предложени од други органи.
Комисијата, исто така :
- разгледува предлози на прописи за платите и за другите примања на пратениците и функционерите што ги избира или именува Собранието, раководните работници што ги назначува Комисијата, како и на пратениците и функционерите на кои им престанала функцијата
- донесува акти за кои е овластена од Собранието;
- донесува поединечни решенија за платите и за другите примања на пратениците и на функционерите што ги избира или именува Собранието, како и за раководните работници што ги назначува Комисијата;
- ја определува висината на надоместокот на трошоците за учество во работата на членовите на работните тела избрани од редот на научните и стручните институции и асоцијации;
- ја определува, во согласност со прописите висината на дневниците, на трошоците за одвоен живот, на надоместокот за годишен одмор, на селидбените и други трошоци;
- дава исправки на актите што ги донесува и објавува Комисијата во “Службен весник на Република Македонија” и
- разгледува и други прашања што се однесуваат на изборите и именувањата.
Претседател: Кралевски Чедомир
Членови: Невеновски Горан
Ќосев Слободан
Спанчевски Крале
Трајановски Коце
Лазов Горанчо
Поповски Љубомир
Гештаковски Александар
Стојковски Благој
Тахири Мевљан
Вејсели Абдулади
Анушев Љупчо
Кадриу Назми