Работни тела

Комисија за труд и социјална политика



Комисијата за труд и социјална политика има претседател и десет члена од редот на пратениците во Собранието на Република Македонија и четири члена од редот на научните и стручните работници.

Комисијата ги разгледува прашањата што се однесуваат на:

- работните односи и заштитата на работниците на работа;

- правото на штрајк;

- вработувањето и права во случај на невработеност;

- заштитата на жената на работа и заштита на мајчинството;

- платите и животниот стандард;

- социјалната политика и социјалната сигурност на граѓаните;

- системот, организацијата, развојот и унапредувањето на социјалната заштита и заштитата на децата;

- популационата политика, бракот и семејството;

- системот на пензиското и инвалидското осигурување, боречко-инвалидската заштита и заштитата на воените инвалиди и лицата прогонувани и затворани за идеите на самобитноста на македонскиот народ и неговата државност и

- други прашања што се однесуваат на трудот и социјалната политика.


Претседател: Гештаковски Александар 
 

        Членови: Тилевски Митко 
                         Ристовски Ненад 
                         Ристески Љубче 
                         Марковска Диспина 
                         Гаџовски Васил 
                         Гешоски Трајко 
                         Таири Мухамед 
                         Тодоров Ристо 
                         Иванов Мирко 
                         Зибери Насер 
 
Click