Pratenichki sostav
 
Пратенички состав


Комисија за внатрешна политика и одбрана

Комисијата за внатрешна политика и одбрана има претседател и осум члена од редот на пратениците во Собранието на Република Македонија и три члена од редот на научните и стручните работници.

Комисијата ги разгледува прашањата што се однесуваат на:

  • заштитата на поредокот утврден со Уставот,
  • државјанството;
  • судството, адвокатурата и јавното обвинителство;
  • амнестијата и помилувањето;
  • јавните собири и јавните приредби;
  • безбедноста на патниот, воздушниот, железничкиот и езерскиот сообраќај;
  • заштитата од природни непогоди и епидемии;
  • слободата на движењето и слободата на изборот на живеалиштето;
  • пријавувањето на живеалиштето и престојувалиштето;
  • набавувањето, поседувањето, носењето, испробувањето и обележувањето на оружјето и муницијата;
  • матичните книги и заштитата на личните податоци;
  • личните имиња, личните карти и патните исправи;
  • преминот на државните граници и движењето во граничниот појас, движењето и престојот на странците;
  • одбраната на Републиката и цивилната заштита;
  • пописот на населението и
  • други прашања што се однесуваат на внатрешната политика и одбраната.

ПретседателПандов Александар 
  
          Членови: Стојменов Златко  
                            Флоровски Александар 
                            Мирчески Звонко 
                            Љутфии Билал 
                            Ханџиски Благој  
                            Китаноски Лазар 
                            Сулејмани Оломан 
                            Прангоски Илија