Pratenichki sostav
 
Пратенички состав


Постојана анкетна комисија за заштита на слободите и правата на граѓанинот

Постојаната анкетна комисија за заштита на слободите и правата на граѓанинот има претседател и осум члена од редот на пратениците во Собранието на Република Македонија и три члена од редот на научните и стручните работници.

Комисијата во рамките на својот делокруг особено:

  • разгледува начелни прашања, предлози и мислења во врска со остварувањето на одредбите на Уставот на Република Македонија, кои се однесуваат на основните слободи и права на граѓанинот;
  • ги разгледува иницијативите и предлозите за донесување закони, нацртите и предлозите на закони и другите прописи и акти од значење за остварување на заштитата на слободите и правата на граѓанинот;
  • укажува на потребата од донесување на закони, други прописи и акти заради поцелосна заштита на слободите и правата на граѓанинот;
  • го следи, разгледува и анализира остварувањето на ратифицираните меѓународни акти кои ја регулираат заштитата на слободите и правата на граѓанинот;
  • ги разгледува дописите на граѓаните и зазема ставови по истите и
  • врши и други работи од својот делокруг.

Комисијата не може да врши истражни или други судски функции.
Наодите на Комисијата се основа за поведување постапка за утврдување на одговорност на носителите на јавните функции.

ПретседателПетковски Тито 
  
        Членови:  Јанковски Жарко 
                           Лазаров Илија  
                           Манчев Васе 
                           Шахиќ Алија  
                           Таири Мухамед  
                           Ангеловски Милојко 
                           Хаџиреџа Кастриот 
                           Пајкоски Латиф