Комисија за еднакви можности на жените и мажите
Е-пошта: kem@sobranie.mk
Комисијата има претседател, десет члена и нивни заменици.
Комисијата разгледува прашања што се однесуваат на:
- разгледување на предлозите на закони и другите прописи што ги донесува Собранието од областа на трудот и социјалната политика, образованието и здравството, семејството и грижата за децата, како и други предлози на закони и други прописи од аспект на вклученоста на родовиот концепт во нив;
- разгледување на предлогот на Националниот план за акција за еднакви можности на жените и мажите;
- следење на усвојувањето и примената на основните и посебните мерки за воспоставување на еднакви можности на жените и мажите во сите области од јавниот и приватниот сектор преку доставени извештаи од Одделението за унапредување на рамноправноста меѓу половите при Министерството за труд и социјална политика;
- следење на системот на мерки за отстранување на нееднаквиот третман на жените и мажите преку доставени извештаи од Одделението за унапредување на рамноправноста меѓу половите при Министерството за труд и социјална политика ;
- иницира донесување и изменување на закони и други прописи од областа на еднаквите можности на жените и мажите;
- поттикнување на соработката меѓу надлежните органи за прашања кои се однесуваат на еднаквите можности на жените и мажите;
- редовно информирање на Собранието за сите прашања сврзани со еднаквите можности на жените и мажите;
- соработката со соодветните комисии на другите земји и
- разгледува други прашања што се однесуваат на еднаквите можности на жените и мажите.
Претседател: ЛИЛЈАНА ПОПОВСКА
Заменик на претседателот:КОСАНА НИКОЛИЌ МАЗНЕВА
Членови: СОЊА ЦВЕТКОВСКА
СОЊА ЃЕЛОВА СТОЈАНОВА
ЛИЛЈАНА ЗАТУРОСКА
ДАНИЕЛА ИРОТОВА ЛАЗАРЕВА
ДАРКА ПЕТРУШЕВСКА
ЗУМРЕТЕ ЈАКУПИ
ЈУЛИЕТА МАРКУ
СТАНКА АНАСТАСОВА
СОЊА МИРАКОВСКА
МЕРАЛ УЗЕИРИ ФЕРАТИ
Заменици на членовите: АНИТА КИПАРИЗОВСКА КРСТЕСКА
НАТАША ЈАНЕВСКА
ВЕЛЕ ЃОРЃИЕВСКИ
КАТЕРИНА ДИМЕСКА
ЈАГОТКА ИВАНОВСКА
ВУЛНЕТ АМЕТИ
ФЕМИ ЈОНУЗИ
МАРИНЕЛА ТУШЕВА
РОЗА ТОПУЗОВА КАРЕВСКА
САДИЈЕ ИЛЈАЗИ