Комисија за прашања на изборите и именувањата
Е-пошта: k-pii@sobranie.mk
Комисијата има претседател, 12 члена и нивни заменици.
Комисијата ги разгледува прашањата што се однесуваат за:
- поднесување предлози за избор и именување, односно разрешување на функционери кои ги избира, односно именува Собранието, ако со закон, Деловникот или друг акт на Собранието е определено ваков предлог да поднесува комисијата;
- поднесување предлози за избори и именување, односно разрешување на функционери кои ги избира, односно именува Собранието, ако со Уставот, закон, Деловникот или друг акт на Собранието не е определено ваков предлог да поднесува друг орган;
- предлагање состав на постојаните и повремени работни тела на Собранието;
- предлагање состав на постојаните делегации на Собранието во меѓународните парламентарни собранија и на пратеничките групи на Собранието за соработка со други парламенти;
- предлагање членови на управни органи и други тела во јавните претпријатија, организациите и институциите кои ги избира, односно именува Собранието ако со Уставот, закон или друг акт не е определено ваков предлог да поднесува друг орган;
- предлагање членови на редакцискиот одбор на гласилото на Собранието;
- предлагање именување и разрешување претставници на Републиката во органите на управувањето и членови на конкурсни комисии за избор на индивидуални работоводни органи кои се во надлежност на Собранието;
- предлагање состав на одбори и други тела на Собранието за организирање и спроведување прослави на одделни историски настани од значење за Републиката и на други настани чие одбележување е потребно, како и за доделување на републички награди;
- давање мислење по предлозите за избор, односно именување носители на јавни функции кои ги избира, односно ги именува Собранието, а кои се предложени од други органи;
- разгледување предлози на прописи за платите и за други примања на пратениците и функционерите кои ги избира или именува Собранието, како и на пратениците и функционерите на кои им престанала функцијата и во рамките на законските овластувања донесува поблиски прописи за нивно извршување;
- донесување акти за кои е овластена од Собранието;
- донесување поединечни решенија за платите и за други примања на пратениците и функционерите кои ги избира или именува Собранието;
- донесување акт за одбивање 5% од платата за секој ден отсуство на пратеник кој најмалку три пати отсуствувал од седница на Собранието, односно од седница на работното тело, а за тоа не го известил претседателот на Собранието, односно на работното тело;
- ја определува висината на надоместокот на трошоците за учество во работата на работните тела од редот на научните и стручните институции и асоцијации;
- определување во согласност со прописите, висината на дневниците, на трошоците за одвоен живот, на надоместокот за годишен одмор, на селидбените и други трошоци;
- одлучување по жалби против решенија на генералниот секретар на Собранието, доколку со закон или друг акт поинаку не е определено;
- давање исправки на акти што ги донесува и објавува комисијата во “Службен весник на Република Македонија” и
- други прашања што се однесуваат на изборите и именувањата.
|
Претседател: ИЛИЈА ДИМОВСКИ
Заменик на претседателот: БЛАГОРОДНА ДУЛИЌ
Членови: СИЛВАНА БОНЕВА
СВЕТЛАНА ЈАКИМОВСКА
ЛИЛЈАНА ЗАТУРОСКА
АЛЕКСАНДАР СПАСЕНОВСКИ
МАЛИША СТАНКОВИЌ
БЛАГОЈА СТОЈАНОВСКИ
МЕНДЕ ДИНЕВСКИ
ГОРАН МИСОВСКИ
МЕВМЕД ЏЕМАЈЛОСКИ
ЏЕВАТ АДЕМИ
ЕРМИРА МЕХМЕТИ
ИМЕР АЛИУ
Заменици на членовите: СЛАВЕ ГОШЕВ
СВЕТЛАНА КАРАПЕТРОВА
ДРАГАН ЦУКЛЕВ
ТРАЈЧО ДИМКОВ
ХАРАЛАМПИЕ ШОКАРОВСКИ
МАРЈАНЧО НИКОЛОВ
ГОРАН СУГАРЕСКИ
САФЕТ БИШЕВАЦ
СОЊА МИРАКОВСКА
ХАЈРУЛА МИСИНИ
НЕЏАТИ ЈАКУПИ
БЕКИМ ФАЗЛИУ