Pratenichki sostav
 
Пратенички состав

Комисија за образование, наука и спорт


Е-пошта:kobranau@sobranie.mk

Комисијата има претседател, дванаесет члена и нивни заменици.

Комисијата ги разгледува прашањата што се однесуваат за:

  • системот и организацијата на предучилишното воспитување и образование, основното, средното и високото образование;
  • правото на настава на јазиците на заедниците во областа на воспитувањето и образованието;
  • системот и организацијата на научно-истражувачката дејност;
  • создавање, примена и вреднување на пронајдоците, патентите и други инвентивни активности што произлегуваат од научното, уметничкото или друг вид интелектуално творештво;
  • информатиката, научниот и технолошкиот развој и техничката култура;
  • организација, развој и функционирање на информациониот систем во Републиката;
  • образованието на младите, ученичкиот и студентскиот стандард;
  • поттикнување на интелектуалното, културното и научното творештво на младите;
  • едукација за превентивна заштита на младите од болестите на зависност и од СИДА;
  • развој и унапредување на физичката култура;
  • развојот на врвниот спорт,  
  • воспоставуање меѓународна соработка за прашања кои се однесуваат на образованието, науката, младите и спортот и   
  • други прашања што се однесуваат на образованието, науката, младите и спортот.

 

Претседател: Олга Најденовска
Заменик на претседателот:  Марија Ангелова
Членови: 1. Светлана Карапетрова
2. Димитар Стевананџија
3. Благица Ласовска
4. Весна Дамчевска-Илиевска
5. Драган Данев 
6. Ејуп Рустеми
7. Рамис Мерко
8. Орхан Ибраими
9. Чедомир Саздовски
10. Солза Грчева
11. Љубиша Николиќ
12. Милева Горгиева
Заменици на членовите: 1. Мирјана Хаџиевска
2. Авдија Пепиќ
3. Сузана Секуловска
4. Трајчо Димков
5. Слаѓана Митовска
6. Џеват Адеми
7. Ермира Мехмети
8. Газменд Алији
9. Роза Топузова-Каревска
10. Горан Милевски
11. Рената Дескоска
12. Јован Митрески