Работни тела

Комисија за европски прашања

 

Е-пошта: kep@sobranie.mk           

Комисијата има претседател, четиринаесет члена и нивни заменици. 

  Комисијата ги разгледува прашањата што се однесуваат за:

  • следење на спроведувањето на Националната стратегија за интеграција на  Република Македонија во Европската унија и редовно го известува Собранието за нејзиното спроведување;
  • следење на исполнување на обврските кои произлегуваат од договорите меѓу Република Македонија и Европската унија и остварување на програмите и другите акти на институциите на Европската унија, вклучувајќи ги и програмите за финансиска помош;
  • следење и поттикнување на процесот на усогласување на законодавството на  Република Македонија со законодавството на Европската унија, како и предлага мерки за унапредување на постапките за усогласување, дава мислења и предлози за активностите на другите работни тела на Собранието и го насочува нивното внимание на прашања сврзани со приемот на Република Македонија во членство  во Европската унија;
  • следење на активностите на Владата и органите на државната управа во врска со приемот на  Република Македонија во членство во Европската унија и во врска со нив дава мислења и препораки;
  • анализирање на последиците од пристапување на Република Македонија во членство во Европската унија и подготвува извештаи во врска со истите;
  • редовно информирање на Собранието за сите прашања сврзани со европската интеграција, вклучително и преку собирање информации, литература и други документи поврзани со Европската унија;
  • предлагање и остварување на активности насочени кон информирање на јавноста за  процесите на европската интеграција;
  • соработката со соодветните комисии на другите земји и            
  • разгледува други прашања во врска со европската интеграција и приемот на Република Македонија во членство во Европската Унија.               

 

претседател: АРТАН ГРУБИ 
заменик на претседателот:
членови: 1) ЈУЛИАНА НИКОЛОВА
2) ТАТЈАНА ПРЕНТОВИЌ
3) ЛИДИЈА ТАСЕВСКА
4) СЛАВИЦА ШУМАНСКА-МИТЕВА
5) БЕТИАН КИТЕВ 
6) НИКОЛА ПОПОСКИ
7) ТРАЈЧО ДИМКОВ
8) ЈУСУФ ХАСАНИ
9) САШО ВАСИЛЕВСКИ
10) МАГДАЛЕНА МАНАСКОВА
11)
12) ЈАГОДА ШАХПАСКА
13) ФАДИЛ ЗЕНДЕЛИ 
14) ШПРЕСА ХАДРИ 
заменици на членовите: 1) ИВАНА ТУФЕГЏИЌ
2) 
3) РИСТЕ ТАШЕВ
4) БЕТИ РАБАЏИЕВСКА-НАУМОВСКА
5) СНЕЖАНА КАЛЕСКА-ВАНЧЕВА
6) ХАРИ ЛОКВЕНЕЦ
7) ЕЈУП АЉИМИ
8) АНТОНИЈО МИЛОШОСКИ
9) ЕМИЛ ДИМИТРИЕВ
10) ЕЛИЗАБЕТА КАНЧЕСКА-МИЛЕВСКА
11) СЛАЃАНА МИТОВСКА
12) ВЛАДАНКА АВИРОВИЌ
13) ЖАКЛИНА ПЕШЕВСКА
14) АФРИМ ГАШИ
Click