Работни тела

Комисија за прашања на изборите и именувањата


Е-пошта: k-pii@sobranie.mk

Комисијата има претседател, дванаесет члена и нивни заменици.

Комисијата ги разгледува прашањата што се однесуваат за:

  • поднесување предлози за избор и именување, односно разрешување на функционери кои ги избира, односно именува Собранието, ако со закон, Деловникот или друг акт на Собранието е определено ваков предлог  да поднесува Комисијата;
  • поднесување предлози за избори и именување, односно разрешување на функционери кои ги избира, односно именува Собранието, ако со Уставот, закон, Деловникот или друг акт на Собранието не е определено ваков предлог да поднесува друг орган;
  • предлагање состав на постојаните и повремени работни тела на Собранието;
  • предлагање состав на постојаните делегации на Собранието во меѓународните парламентарни собранија и на пратеничките групи на Собранието за соработка со други парламенти;
  • предлагање  членови на управни органи и други тела во јавните претпријатија, организациите и институциите кои ги избира, односно именува Собранието ако со Уставот, закон или друг акт не е определено ваков предлог да поднесува друг орган; 
  • предлагање состав на одбори и други тела на Собранието за организирање и спроведување прослави на одделни историски настани од значење за Републиката и на други настани чие одбележување е потребно, како и за доделување на републички награди;
  • разгледување предлози на прописи за платите и за други примања на пратениците и функционерите кои ги избира или именува Собранието, како и на пратениците и функционерите на кои им престанала функцијата и во рамките на законските овластувања донесува поблиски прописи за нивно извршување;
  • донесување акти за кои е овластена од Собранието;
  • донесување поединечни решенија за платите и за други примања на пратениците и функционерите кои ги избира или именува Собранието;
  • донесување акт за одбивање 5% од платата за секој ден отсуство на пратеник кој најмалку три пати отсуствувал од седница на Собранието, односно од седница на работното тело, а за тоа не го известил претседателот на Собранието, односно на работното тело;
  • ја определува висината на надоместокот на трошоците за учество во работата на работните тела од редот на научните и стручните институции и асоцијации;
  • определување во согласност со прописите, висината на дневниците, на трошоците за одвоен живот, на надоместокот за годишен одмор, на селидбените и други трошоци;
  • давање исправки на акти што ги донесува и објавува Комисијата во „Службен весник на Република Македонија",
  • воспоставуање меѓународна соработка за прашања кои се однесуваат на изборите и именувањата и 
  • други прашања што се однесуваат на изборите и именувањата.

                           

Претседател: ИЛИЈА ДИМОВСКИ
Заменик на претседателот: ЗОРАН ИЛИОСКИ
                                                Членови: 1. АНТОНИЈО МИЛОШОСКИ
2. КРСТО МУКОСКИ
3. ДАНИЕЛА РАНГЕЛОВА
4. ДИМИТАР СТЕВАНАНЏИЈА
5. ЉУПЧО ДИМОВСКИ
6. ГОРАН МИСОВСКИ
7. ХАРИ ЛОКВЕНЕЦ
8. КОСТАДИН КОСТАДИНОВ
9. МУХАМЕД ЗЕЌИРИ
10. ИВАНА ТУФЕГЏИЌ
11. АРТАН ГРУБИ
12. ФАДИЛ ЗЕНДЕЛИ
                   Заменици на членовите: 1. ЛИЛЈАНА КУЗМАНОВСКА
2. ДРАГАН ДАНЕВ
3. ТРАЈЧО ДИМКОВ
4. ВАСИЛ ПИШЕВ
5. БЛАГИЦА ЛАСОВСКА
6. ЛИДИЈА ТАСЕВСКА
7. ЈУЛИАНА НИКОЛОВА
8. ДАЛИБОР БОГДАНОВСКИ
9. ТАТИЈАНА ЛАЛЧЕВСКА
10. ТАЊА КОВАЧЕВ
11. ЕЈУП АЉИМИ
12. АФРИМ ГАШИ

Click