Pratenichki sostav
 
Пратенички состав

Рената Дескоска


Проф. д-р Рената Дескоска е родена на 3 мај 1972 година во Скопје. Завршила основно и средно образование со континуиран одличен успех, за што била прогласена за првенец на генерација. Дипломирала на Правниот факултет при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје во 1994 година со просечен успех 9,55. Магистрирала на тема „Типови извршна власт“ во 1997 година на Правниот факултет во Скопје, каде во 1999 година била избрана за асистент. 

Докторирала на Правниот факултет во Љубљана во 2002 година, на тема „Constitutionalism, constitutions and human rights, with case study of the Republic of Slovenia and the Republic of Macedonia“, со што се стекна со назив доктор по правни науки.

Од 2004 до 2009 била ангажирана како советник за уставни и правни прашања во Кабинетот на претседателот на Република Македонија.

Во 2012 година избрана е за редовен професор на Правниот факултет во Скопје на научната област уставно право и политички систем.

Учествувала на преку 70 конференции, тркалезни маси и семинари во земјава и во светот, како на пример во Италија, Франција, Шпанија, САД, Холандија, Обединетото Кралство, Швајцарија, Унгарија, Романија, Словенија, Босна и Херцеговина, Србија, Австрија, Полска и др. Одржала преку 100 предавања или презентации на семинари, конференции, тркалезни маси, летни школи и сл. 

Проф. д-р Рената Дескоска е автор/коавтор на преку 30 книги и преку 100 труда во научни списанија, меѓу кои: „Извршната власт во демократските системи“; „Уставно право“ (коавтор); „Конституционализамот и човековите права“; „Party Funding and Campaign Finance in Macedonia“ во „Political Finance and Corruption in Eastern Europe – The transition Period“; „Open Parliaments: The Case of Macedonia“ во „Open Parliaments 2012 – Transparency and Accountability of Parliaments in South-East Europe“; „Euthanazia“ over the Parliament in the Republic of Macedonia“ во „Social responsibility in 21st century“; „Language Policy in Macedonia“, Südosteuropa Mitteilungen, 1/2012 (коавтор); „Constitutional Frame For Accommodating Multilingualism in the Republic of Macedonia“; „Parliament of the Republic of Macedonia – After Twenty Years Transition Still in Adolescence“; „Constitutional mechanism for inter-ethnic dialogue in the Republic of Macedonia“; „The Parliament of the Republic of Macedonia – „House“ or „Cemetery” of Democracy?!“ и др.

Проф. д-р Рената Дескоска остварила студиски престој на Универзитетот во Ајдахо, САД и во Европскиот суд за човекови права во Стразбур.

Била ангажирана како консултант за избори од страна на UNDP. Работела на повеќе проекти и истражувања организирани од DIFID; International Center for University Human Rights Teaching (Strasbourg); Research Support Scheme, (Prague); ABA/CEELI; European Agency for Reconstruction; LGI и др.

Проф. д-р Рената Дескоска беше член на Ад-хок комисијата за испитување на настаните од 24 декември 2012 година.

Активности во Собранието:

  • Совет на Собраниски канал, претседател
  • Националниот совет за евроинтеграции, заменик-член
  • Комисија за оценување на основаноста на Предлогот за покренување постапка за утврдување одговорност на претседателот на Република Македонија, член
  • Комисија за уставни прашања, член
  • Комисија за политички систем и односи меѓу заедниците, член
  • Постојана анкетна комисија за заштита на слободите и правата на граѓанинот, заменик-член
  • Комисија за образование, наука и спорт, заменик-член
  • Делегацијата на Собранието на Република Македонија во Парламентарното собрание на  организацијата за безбедност и соработка во Eвропа (ПС ОБСЕ), шеф на делегацијата
  • Делегацијата на Собранието на Република Македонија во Парламентарното собрание на Советот на Европа (ПС СЕ), член
  • Пратеничка група на Собранието на Република Македонија за соработка со Парламентот на Јапонија, претседател