Сала „Македонија“
НАМЕНА: Салата се користи од 1945 година наваму за одржување на седниците на Собранието на Република Македонија.
ЕНТЕРИЕРНО УРЕДУВАЊЕ: Салата е градена со зградата во 1938 година. Првата реконструкција на салата е направена во 1967 година, а сегашниот ентерир е изведен во 1998-1999 година. Со реконструкцијата во 1999 година воведени се автоматскиот систем за гласање, како и аудио и видеосистем, со фиксни камери за директен телевизиски пренос. Под галеријата има две посебни кабини технички опремени за телевизиски и радио пренос и две кабини за симултан превод. Со техничкиот систем се управува од посебно опремена Техничка режија. Седиштата со сина кожа се за пратениците, а со лила кожа за Владата. Пратениците од позицијата седат во средниот ред и зад Владата, а пратениците од опозицијата седат во крајниот лев ред. Ѕидовите се украсени со четири тематски мозаици изработени во византиска техника од познатиот мозаичар Газанфер Бајрам.
ГАЛЕРИЈА НА ПАРЛАМЕНТАРНА САЛА : На редовни седници на Собранието, Галеријата ја користат новинари и други посетители, а за свечени седници - претставниците на дипломатскиот кор во Република Македонија (амбасадори на странски држави акредитирани во Република Македонија).
Оградениот дел на Галеријата е за претседателот на Република Македонија и претставниците на неговиот Кабинет.
Легенда за навигација низ виртуелната тура:
кликнете и влечете во саканата насока
насока на движење
можност за зголемување, се појавува на средината на сликата
зголемување на прегледот, повлечете нагоре
намалување на прегледот, повлечете надолу