2009

28 октомври 2009 година

Европската комисија предложи новo законодавство за ограничување на стандардите на емисија на јаглероден диоксид (CO2) кај лесните комерцијални возила

Оваа легислатива претставува уште еден важен чекор за ЕУ во справувањето со климатските промени, реафирмација на обврските и лидерството ЕУ, пред одржувањето на Конференцијата во Копенхаген. Со оваа мерка ќе се оствари значајна заштеда на потрошувачите на горива и стимулирање на иновациите во индустрискиот сектор.

Процесот ќе се одвива етапно, во периодот од 2014 до 2016 година со цел долгорочно намалување на емисијата на CO2 на 135 g/km до 2020. Ова претставува еден од елементите на Стратегијата на ЕУ за подобрување на заштедата на горивата за лесни комерцијални возила (товарни автомобили и комбиња) кои на територијата на ЕУ емитуваат околу 12% од вкупниот CO2.

Предложеното законодавство е тесно поврзано со законодавството за емисијата на CO2 кај патничките возила (Регулатива 443/2009/ЕС). Дозволената граница на емисија на CO2 се утврдува според тежината на возилата. Регулативата предвидува казни за производителите на возила кои ќе ги надминат вредносните прагови на ограничувањето. Овој предлог на ЕК е со цел да се обезбеди европска конкурентност преку стимулирање на развојот на иновативни автомобилски технологии. За идните возила со крајно ниско ниво на емисија на CO2 (под 50 g/km) ќе бидат обезбедени дополнителни стимулации до 2018 година. Предлогот ќе биде доставен до Советот на ЕУ и до Европскиот парламент.





 

 



Click