2009



Вторник, 1 декември 2009 година

ЛИСАБОНСКИОТ ДОГОВОР СТАПУВА НА СИЛА

Денес стапува во сила Лисабонскиот договор. Настанот ќе биде одбележан со церемонија во градот Лисабон, организиран од страна на Португалската влада, Шведското претседателство со ЕУ и Европската комисија.

Договорот ќе обезбеди нови значајни придобивки за граѓаните и ќе ја утврдува институционалната дебата во догледно време, ќе овозможи Европската унија целосно да се насочи на управувањето и излезот од економската и финансиската криза како и да бележи прогрес со Стратегијата 2020 за позелен раст.

Според претседателот на Европската комисија Жосе Мануел Баросо "Лисабонскиот договор ги става граѓаните во центарот на европскиот проект. Постигнати се вистинските институции за акција и период на стабилност".

Лисабонскиот Договор ги дополнува досегашните договори на ЕУ и ЕК без да ги замени. Договорот ќе обезбеди законска основа и неопходни алатки за да може Унијата да се соочи со идните предизвици и да одговори на барањата на граѓаните. ЕУ ќе биде поспремна да излезе во пресрет на очекувањата во областа на енергетиката, климатските промени, прекуграничниот криминал и имиграцијата.

Помеѓу клучните подобрувања со Договорот се и обезбедување на:

  • подемократска, поотворена и поодговорна Унија;
  • поефикасна Унија;
  • повеќе права за европските граѓани и
  • Унијата како значаен светски учесник.

 

Click