2009



3 ноември 2009 година

Лисабонскиот договор влегува во сила на 1 декември 2009 година

Со потписот на претседателот на Чешката Република, г. Вацлав Клаус, на Договорот од Лисабон, надмината е последната пречка, сите земји-членки на ЕУ го ратификуваа текстот на Договорот.

Лисабонскиот договор ќе влезе во сила на 1 декември 2009 година. Со цел да се финализираат завршните подготовки на Договорот, шведскиот премиер и одговорен за работата на Шведското претседателство со ЕУ, г. Фредрик Реинфелд, што побргу ќе побара да се одржи состанок на ЕУ.

Кога сите договори се потпишани, инструментите на ратификација, ќе се пренесат до Министерството за надворешни работи на Италија. Сите меѓународни спогодби или договори имаат тело, организација или држава што се грижи за инструментите за ратификација.

Од 1957 година Италија ја има улогата на депозитар, што значи дека е одговорна за приемот и потврдувањето на документите, како и информирање на земјите-членки на ЕУ за сè што се случува во врска со документите.

Click