2010



Четврток, 1 јули 2010

Белгиско претседателството со Советот на ЕУ

Од 01 јули до 31 декември 2010 година Белгија го презема претседателството со Европската унија. Ова претставува вистински предизвик, особено поради многуте измени кои произлегуваат од Лисабонскиот договор, кој стапи во сила на 1 декември 2009 година.

Белгија ќе ги реализира приоритетите на претседателството кое ќе се одвива во рамките на заедничка работна програма на трите претседателства на Шпанија, Белгија и Унгарија. Програмата опфаќа период од осумнаесет месеци, од јануари 2010 до јуни 2011 година.

Со заедничката програма поставени се следните главни цели:

  • преглед  на Лисабонската стратегија со цел подобра подготвеност на ЕУ во надминувањето на економската криза, обвновување на одржливиот развој, зголемување на процентот на вработеност и подобрување на конкурентноста,
  • подобра контрола на финансиските пазари,
  • проширување на социјалната агенда и концентрирање кон младите, борбата против родовата дискриминација и против сиромаштијата,
  • енергијата и климатските промени,
  • ЕУ како траен простор на голема слобода, безбедност и правда (Стокхолмска програма)
  • воспоставуавање на глобална европска политика за имиграција и азил,
  • воспоставување на поконзистентно и поефикасно надворешно претставување на ЕУ и
  • истакнување на заштитата на човековите права и основни слободи.

Со цел да обезбеди најдобро дефинирање на приоритетите од сопственото претседателство, Белгија организирала бројни средби генерално со граѓанското општество (консултантски тела, социјални партнери, невладини организации).

Како претседавач со Советот на ЕУ, улогата на Белгија главно се состои од организирање и управување со работата на секој Совет одделно, претставен од надлежните министри, освен Советот за надворешни работи. По стапувањето во сила на Лисабонскиот договор, овој Совет е под надлежност на Високиот претставник на ЕУ за надворешни работи и безбедносна политика.

Претседателството игра важна улога во преговорите со другите институции на Унијата, особено со Европскиот парламент кој исто како и Советот, треба да даде согласност за најголем дел од европското законодавство.

Click