Вторник, 25 мај 2010 година
ДОНЕСЕНА РЕГУЛАТИВА ЗА ФИНАНСИСКА СТАБИЛИЗАЦИЈА НА ЕВРОПА
На 11 мај 2010 година во Службениот весник на Европската унија објавена е Регулативата бр. 407/2010 за воспоставување механизам за финансиска стабилизација на Европа.
Оваа Регулатива ги одредува условите и процедурите под кои финансиската помош од Европската унија ќе биде доделувана на земја членка која е затекната или сериозно и се заканува економска и финансиска криза, како последица на исклучителни околности кои се надвор од нејзина контрола. Земена е предвид можноста земјите кои не се членки на Европската унија да аплицираат за користење на среднорочна финансиска помош, согласно Регулативата бр. 330/2002.
Регулативата 407/2010 е направена согласно Членот 122/2 од Договорот за функционирање на Европската унија и има за цел да ја зачува финансиската стабилност во Европската унија.