2010



Петок, 22 јануари 2010 година, Стразбур

Енергетски пазари на Европската унија и е-трговија

„Во рамките на шестмесечното претседателство со Унијата, Шпанија ќе врши притисок за заеднички Европски енергетски пазар и е-трговија", истакна премиерот Хозе Луис Родригес Запатеро, на 20 јануари, пред пратениците во Европскиот парламент.

Презентирајќи ги приоритетите на Шпанското претседателство со ЕУ, во Стразбур, Запатеро повика за намалување на енергетската зависност на Унијата, која се зголемила за 9% во последната деценија. Запатеро повика на организирање на заеднички пазар за енергија, додавајки дека тоа е најдобро решение за намалување на енергетската зависност на Европа и истакна дека енергетските поврзувања и заедничките регулаторни правила се столбови на заедничкиот енергетски пазар.

Исто така, Запатеро истакна дека Шпанија ќе врши притисок за инвестирање во дигиталните технологии, имајќи предвид дека 40% од вкупниот пораст на Европа е резултат на овие технологии. Од причина што Европа нема дигитален пазар, е-трговијата е ограничена во рамките на државните граници. Зајакнувањето на дигиталната трговија ќе го поттикне растот во секторот и ќе создаде повеќе работни места.

Шпанскиот премиер повика и на потребата за развој на електричната автомобилска индустрија на ниво на ЕУ. 

Стратегијата „ЕУ 2020" за економско и социјално обновување ќе биде камен темелник на шпанското претседателство со ЕУ. Оваа стратегија треба да ја замени Лисабонската стратегија за раст и работни места, усвоена во Португалија пред десет години. Во рамките на стратегијата, Шпанија ќе врши притисок за „нов социјален договор“ помеѓу компаниите и работниците.

Претседателот на Европската комисија, Жозе Мануел Баросо, повика за потребата за силни механизми за координација кои ќе ја придружуваат Стратегијата „ЕУ 2020“. Се очекува финалната стратегија да се усвои на Самитот во јуни 2010 година, а во меѓувреме ќе продолжат консултациите со Европскиот парламент.

Click