2010



Вторник, 23 март 2010 година

Европска недела на одржлива енергија

Европската унија од 22 до 26 март, по четврти пат во Брисел и други градови ширум Европа организира недела посветена на одржливата енергија. Настанот се организира од страна на Извршната агенција за конкуренција и иновации во име на Генералниот директорат на Европската комисија за енергија.

Европската кампања за одржлива енергија претставува главна алатка, покрај законодавсвото и програмите за поддршка, за промовирање на одржлива енергетска политика на ЕУ.

Комесарот за енергетика Гунтер Јотингер ќе ги објави плановите за дејствување во поглед на енегетската ефикасност и обновливите извори на енергија во следните пет години.

Европската недела на одржлива енергија 2010 ќе покрие широк спектар на теми кои се однесуваат на иднината на Европа во поглед на обновливата  енергија, енергетската ефикасност, решенијата за обновливи извори на енергија (биомаса, соларна и енергијата на ветерот), намалување на емисиите на стакленичките гасови и енергетската ефикасност во транспортот.

Кампањата посветена на обновливата енергија е во правец на постигнување на целите утврдени во Енергетската стратегија на ЕУ 2020. Се очекува во кампањата да се вклучат 35.000 поединци, да се одржат околу 80 средби во Брисел и околу 200 средби во земјите членки.
  
Дополнителни информации на официјалната страна на EUSEW:
http://www.eusew.eu/


 

Click