2010



Вторник, 9 февруари 2010 година

Европски ден на безбеден интернет

По повод "Денот на безбеден интернет" Европската комисија ќе соопшти дали поголемите интернет компании постапувале согласно обврската за подобрување на безбедноста на помладите од 18 години кои ги користат страниците за социјална интеракција. Со цел да се поттикнат тинејџерите да размислат за последиците од содржината која ја објавуваат на своите профили ке биде спроведена широка ЕУ кампања на тема „Размисли пред да испратиш“, во повеќе од 60 земји ширум светот.

Страниците за социјална интеракција денес опфаќаат околу 41,7 милиони корисници низ Европа, од кои најмногу се застапени млади луѓе, деца и тинејџери регистрани на социјалните страници преку Facebook, MySpace или Dailymotion. Најчесто оваа категорија на корисници изразувaјќи го сопствениот идентитет не е свесна дека објавените лични информации (фотографии, видео клипови) остануваат на мрежата при што се изложени на опасноста да бидат злоупотребени од секој кој има пристап до мрежата. Поради ова  потребно е овластување за управување и контрола на онлајн идентитетите на одговорен начин.

На минатогодишниот Ден на побезбеден интернет, со цел да се подобри безбедноста на лицата под 18 години кои користат страници за социјална интеракција, 18 водечки компании со посредство на Европската комисија потпишаа Европски договор. Комисијата ќе објави извештај за начинот според кој компаниите ги имплементирале безбедносните принципи на страниците за социјална интеракција во ЕУ.
 


 

Click