2010



Вторник, 29 јуни 2010 година

Европски совет одржан на 17 јуни 2010 во Брисел

На 17 јуни 2010 година во Брисел се одржа состанок на европските лидери кој помина во знакот на светската економска криза и влијанието врз земјите членки на Европската унија.

На состанокот беше усвоена новата десетгодишна стратегија Европа 2020, документ кој е од особено значење за излез од финансиската криза. Целта на оваа стратегија е да се зголеми конкуренцијата и продуктивноста кои неминовно позитивно ќе влијаат на потенцијалот за раст, ќе ја подобрат социјалната кохезија и економското управување. Стратегијата предвидува среднорочни и долгорочни реформи преку кои ќе се обезбеди зголемување на вработеноста и одржливост на јавните финансии, за што е потребна и реформа на пензискиот систем.

Земјите членки на Унијата се обврзаа дека и понатаму ќе работат на исполнување на петте главни цели на ЕУ, вработувањето, подобрувањето на условите за иновации, истражување и развој; исполнување на целите и обврските поврзани со климатските промени и енергијата, подобрувањето на образовните нивоа и промоција на социјалната вклученост особено преку намалување на сиромаштијата.

Европскиот совет преку своите заклучоци потенцираше дека економската криза ги детектираше слабостите во однос на економското управување, заради што земјите се заложија за итна координација на економска политика и имплементирање на буџетските правила во целост.

Советот се осврна и на Самитот во Торонто, за што уште еднаш ги потврди своите позиции, договорени со Условите за  препорака за подготовки за министерскиот состанок во Бусан. Лидерите на земјите членки на Унијата сметаат дека Г-20 мора уште еднаш да ја потврди посветеноста на реформирање на финансиските системи и да покаже брз напредок.

Европскиот совет донесе заклучоци и по однос на милениумските развојни цели и климатските промени, за што уште еднаш се подвлече одлучноста на Унијата и гарантирање на превземените обврски.

Во однос на политиката на проширување, лидерите на овој состанок го поздравија мислењето на Европската комисија за апликацијата на Исланд и препораката дека треба да се започнат пристапни преговори.

Click