2010

Среда, 31 март 2010 година

Извештај за влијанието на Болоњскиот процес

Во новиот извештај на Eurydice - мрежата за образовни системи и политики во Европа, подготвен за потребите на Европската комисија, даден е преглед на постигнатиот напредок на реформите во високото образование во 46 земји кои го применуваат планот за реформи, познат како Болоњски процес

Извештајот е подготвен врз база на стручна евиденција за секоја земја вклучена во процесот и истиот дава јасна и компаративна претстава како прашањата од областа на високото образование се адресирани на национално ниво.

Болоњскиот процес придонесе за суштински промени во структурата на високото образование низ Европа. Процесот на европското високо образование постојано се развива, новите предизвици се неизбежни. Порастот на партиципацијата во високото образование, имплементацијата на системските реформи и застојот на јавното финансирање создаваат огромен притисок во областа на високото образование. Потребата за интензивирање на соработката на европско ниво станува се позначајна, а од суштинско значење е подобрување на механизмите за мониторинг со цел проценка на влијанието на тековните реформи.

Двостепениот систем на студии (180 + 120 ЕКТС кредити) е најчесто применуван модел, веќе прифатен во 16 земји, што се користи уште во 21 држава. Двата елементи на Болоњскиот процес се: Европскиот кредит трансфер систем и додаток на диплома. Повеќето држави целосно ги имплементирале двата инструменти во системите на високото образование. Дванаесет држави, со исклучок на Турција, го имплементирале елементот додаток на диплома. 

Третa алатка воведенa со Болоњскиот процес е националната квалификациска рамка, за дефинирање и изразување на разликите меѓу стручноста во сите степени и нивоа од образованието. Според Извештајот, 8 високообразовни системи имаат целосно потврдена национална квалификациска рамка, додека 11 се во фаза на признавање на имплементацијата.

Кај финансирањето на високото образование, во изминатите десет години не е забележан севкупен напредок. Во однос на влијанието на економската криза, на почетокот националните одговори се движеле во различни насоки и со различни пристапи, од зголемување на инвестициите во високото образование преку стимулативни мерки, до значителни намалувања на трошоците во овој сектор. Економската криза влијаела врз процентот на уписи на студентите, бројот на вработените во секторот и доживотното учење.

Повеќе информации на Eurydice - информативна мрежа за образовни системи и политики во Европа:

www.eurydice.org

Click