2010



Петок, 22 јануари 2010 година, Стразбур

Никифорос Диамандорос реизбран за Европски омбдусман

На 20 јануари 2010 година Никифорос Диамандорос повторно беше избран за Европски омбдусман. На оваа  позиција Диамандорос е од 2003 година, а на овој избор, со тајно гласање, ја доби поддршката  од 340 пратеници на седница на Европскиот парламент.

Во неговиот мандат до 2014 година,  Диамандорос ќе се залага ЕУ да ги осварува придобивките за граѓаните кои се овозможуваат со Лисабонскиот договор, зајакнување на конструктивниот дијалог со Европските институции и органи  и подобрување на услугите за граѓаните, преку поефикасно искористување на ресурсите. Во агендата на Диамандорос е и зајакнување на соработката со националните и регионални правобранители и да се оствари поефикасна комуникација со граѓаните на ЕУ.

Функцијата омбдусман, која е воведена во 1995 година има за цел да ги истражува жалбите за неприкладно административно работење на институциите на ЕУ, недостатокот на транспарентност и одбивањето да се дадат информации или документи.

 

Click