2010



Среда, 18 август 2010

Нови перспективи за климатските промени

Циклусот преговори за климатските промени, кој се одржа од 2 до 6 август во Бон, донесе конструктивни резултати, при што е предвидено усогласување кое ќе содржи пакет од конкретни и избалансирани мерки.

Постигнатиот напредок ќе послужи како основа за преговорите на конференцијата во Канкун, Мексико, која ќе се одржи од 29 ноември до 10 декември 2010 година. Резултатите од оваа конференција треба да овозможат воспоставување конкретни и избалансирани мерки на следниве теми:

  • Намалување на емисиите на стакленички гасови;
  • Систем на „мерење, известување и верификација“;
  • Адаптација на последиците од климатските промени;
  • Платформа за поддршка на земјите во развој во приспособување на последиците од климатските промени и преминување кон помала употреба на јаглерод (фондови, технологии, зајакнување на капацитети);
  • Унапредување на технологии за олеснување и адаптација;
  • Намалување на емисиите од секторот шумарство и заштита на шумите (програма REDD+);
  • Пазарни механизми кои овозможуваат намалување на трошоците во борбата против глобалното затоплување, давање вредносен сигнал на иновациите и унапредување на технолошките и финансиските текови на земјите во развој.

Конференцијата во Канкун исто така има за цел да востанови мапа со која ќе бидат зацртани чекорите кон финализација на преговорите за глобалното усогласување кое треба да биде комплетирано во текот на 2011 година, а го ограничува затоплувањето за 2°C.

Улогата на ЕУ и Белгиското претседателство
За Европската унија од суштинско значење е воспоставувањето баланс помеѓу двете насоки на преговарање: преговори како континуитет на Протоколот од Кјото од една страна, и глобалното усогласување во кое ќе бидат вклучени сите членки на Конвенцијата за Рамка за климатски промени на Обединетите нации од друга страна. Ова особено имплицира на тоа дека државите кои се најголеми емитери на стакленички гасови, а се‘ уште не се принудени да ги ограничат нивните емисии, мораат цврсто да се обврзат на оваа насока, со тоа што ќе ги почитуваат различните околности на развиените земји и земјите во развој.

Click