2010



Среда, 13 октомври 2010 година

Нови правила за капиталните побарувања и политиките на надоместоци во банкарскиот сектор

Советот на Европската унија на 11 октомври 2010 година усвои директива за измени на Директивата 2006/48/ЕС и Директивата 2006/49/ЕС, која има за цел зајакнување на капиталните побарувања и објавувања за портфолијата за тргување и за инструментите за реосигурување во банкарскиот сектор.

Директивата утврдува повисоки и зајакнати капитални побарувања за одредени основни средства на банките. Овој пристап е во согласност со пристапот на Базелскиот комитет за банкарска супервизија, кој опфаќа 28 земји-членки.

Исто така целта на новата директива е и да обезбеди дека политиките на надоместоци и награди во банкарскиот сектор нема да генерираат неприфатливи степени на ризици. Директивата воведува обврска политиките на награди во финансиските институции да бидат предмет на претпазлива супервизија. Надзорните органи отсега ќе треба да вршат мониторинг на импликациите на политиките на надоместоци и награди.

Општо познато е дека слабостите во регулаторната рамка за капиталните побарувања за банкарскиот сектор, како и во управувањето со ризиците на финансиските институции, придонесоа за кризата на светските финансиски пазари.

Click