2010



Понеделник, 8 февруари 2010 година, Брисел

Одбележување на дваесетгодишнина од Заедницата за поддршка на урбаниот развој

На 4 февруари 2010 година во Брисел се одржа Конференција за одбележување на дваесетгодишнината од вложувањето на Европската унија во градовите во Европа. Според комесарот за регионална политика, г. Павел Самецки, кој говореше на Конференцијата, „Урбаниот развој е еден од приоритетите на Европската кохезиона политика. Комисијата ги поддржува европските градови во барањата за поголема конкурентност и им помага да развиваат долгорочни и одржливи стратегии“.

Преку иницијативата URBAN I (1994-1999) беа инвестирани над 900 милиони евра од Заедницата, во 118 градови во ЕУ. Вложувањето беше концентрирано на урбаното обновување и создавање на работни места, борбата против социјалната исклученост и еколошките проблеми. URBAN II (2000-2006) конкретно беше насочен на планот и
имплементацијата на иновативните економски и социјални обновувања во отсечените области. Со неговите 70 програми беа опфатени околу 2,2 милиони луѓе, со вкупен буџет од 1.6 милијарди евра, вклучувајќи 728 милиони евра од Европскиот фонд за регионален развој. За периодот 2007-2013 година околу 30 милијарди евра од Европскиот фонд за регионален развој се насочени кон урбаниот развој.            

Целта на програмата „URBACT“, започната во 2002 година, е да се организира размена меѓу градовите, споделување на искуства и практично знаење. Урбаните иницијативи се обединуваат во регионални програми. Многу европски градови беа обновени преку овие програми. Како примери на успешни проекти со кофинансирање се наведуваат: 

  • „Креатори на просторот“ - проект во Бристол во Обединетото Кралство. Младите луѓе во отсечените делови од градот учествуваа во еден план кој имаше за цел креирање на нов јавен простор, помогнаа во  изборот на архитект - пејзажист и за материјалите кои се употребуваа;
  • „Зелени клучеви“ - проект концентриран на зелените стратегии за урбано планирање во 12 европски градови, меѓу кои и Љубљана, Берлин, Будимпешта, Софија;
  • „Градот на Ворхол“ - проект во Источна Словачка во градот Медзилаборце, инспириран од уметникот Енди Ворхол, чие семејство потекнува од регионот. Проектот ги спојува туризмот, инфраструктурниот развој и маркетингот;
  • Реставрацијата на Замокот во Прага, новото метро во Порто, изложбениот центар Фира во Барселона, велосипедските патеки во Виена, поддршката за 150 мали бизниси во Лајпциг, претставуват примери на кохезионата политика и успешниот придонес за  Европскиот урбан развој. 

     
Click