2010



Петок, 3 декември 2010 година

Одобрен пакет за финансиска супервизија 

Претседателот на Европскиот парламент г.Јержи Бузек и државниот секретар за европски работи г. Оливер Частел, на 24 ноември потпишаа низа законодавни акти, донесени по принципот на со-одлучување, меѓу кои и пакетот на закони за финансиска супервизија.

Пакетот на мерки произлезе од конструктивниот дијалог помеѓу Европскиот парламент и Советот на Унијата.
Со мерките се предвидува формирање на ново и круцијално тело, Европски одбор за системски ризици (ESRB). Телото ќе биде оперативно почнувајќи од јануари 2011 година, со административна поддршка на Европската централна банка. Советот ќе бара  одборот  да  се стекне со аналитички способности и да овозможи навремени предупредувања во Европа, како и да развива партнерски односи со микро-прудентни супевизори со сите други надлежни институции.

Надзорните органи ќе бидат срцето на европската супервизија, која ќе биде неопходно потребна за зацврстување на внатрешниот пазар. Тие ќе обезбедат конзистентна примена на правилата на Унијата и ќе ги заменат националните власти во вршењето на надзор.

Click